Home Live Ова е братот на Марјaн Коцев, Коки- еве како двајцата си уживаа...

Ова е братот на Марјaн Коцев, Коки- еве како двајцата си уживаа на раат и што посака Марјан од него

За македонската фолк-ѕвезда Марјан Коцев не треба се раскажуваат приказни. Доволно е да се каже дека тој е оној пејач што го пее големиот хит „Ти, само ти“ и сè наеднаш станува јасно“, напиша Вечер прес во една прилика.

Тој отсекогаш бил и останал семеен човек, а во ова интервју за ВЕЧЕР открива многу интересни работи…

– Моментално во фиока имам една балада, преубава, и ќе излезе кога ќе заврши оваа тишина… Песната пак ќе ги разбуди моите фанови. Дали ќе биде хит, ќе видиме, тоа никогаш однапред не се знае.

Подготвувам и еден ДВД-проект, со кафеански песни за секоја домаќинска душа. Но, велам дај боже овие денови што побргу да заминат и никогаш веќе да не се вратат, ама никогаш.

Сметам дека ќе запеам и ќе се појавам на социјалните мрежи кога душата ќе ми го побара тоа, и кога од срце тоа ќе излезе од мене.

Ги оправдувам и колегите, можеби на тој начин ја ослободуваат негативната енергија, и полесно ги поминуваат овие тешки денови“, кажа Коцев за време на пандемијата.

Пејачот не крие дека боле-дува од дија-бетес. Тој во интервју за Панацеа.мк откри дека со овој проблем, тој и неговото семејство се соочиле кога имал само 7.5 години.

Беше голем ш -ок, пред се за моите родители. Јас многу зрело го прифатив тоа. Едноставно ми беше кажано: Не смееш да јадеш благо.

И да бидам искрен, откако ми кажаа дека не смеам да јадам, а јас сум патријахално воспитан, бев мирно и умно дете, ниту барав, ниту сакав, ниту плачев“.

Коцев раскажа дека бил многу дисциплиниран цело време, и по три години, на многу рана возраст поради неговата правилна исхрана, лекарите решиле дека е време да престане да прима инсу-лин.

Тој отворено се нуди да разговара за оваа негова бол-ест со сите кои имаат потреба, а особено на родителите чии деца имаат ист проблем како неговиот.

Коцев вели дека со нив би разговарал како со својата ќерка Дуња. Синот Данило, се роди во 2018 година и оттогаш радоста на пејачот и на неговата сопруга е уште поголема. Тој неодамна ја коментираша кризата која ја наметна пандемијата во тоа време.

– Значи физички одморивме и психолошки одморивме, но како се преодморивме одма не нападна другиот психолошки умор од неработење и од трошоците кои си идат.

Нешто снимав, но некако се нема желба, волја, некако плановите се скратија и сè се скрати. Кога ќе видиме, околу нас веќе не е таа атмосфера која што беше. Да бидеме оптимисти, лека полека да се вратиме во некоја си нормала.

Мора да гледаме позитивни, бидејќи после секој дожд, доаѓа сонце, после секоја темнина во тунелот, доаѓа и светлина. Да се надеваме, само тоа ни останува.-истакна Коцев, за естрадниот магазин Естрада плус и со тоа покажа дека е вечен оптимист.

Коцев е и весел човек и романтичар па така својата Билјана за нејзиниот 40-ти роденден ја однел на патување во Германија.

Според сликите што ги објави на Фејсбук, тоа била журка за паметење, а за микрофотн не се фатил само Марјан за да и запее на својата сакана за роденден, туку и самата славеничка.

Со овие зборови Коцев ја опишал среќата која ја почувствувал додека неговата Билјана се фатила за микрофорнот: Невестата ми пее за нејзиниот 40-ти роденден. Среќен роденден женче!“, напишал Коцев.

Но, не многу луѓе знаат дека негов брат е Коки Коцев, исто така познат музичар, од групата Дрим тим кој во една прилика во Фактор, збпрувал за своите почетоци:

-Водени од желбата да создадаме компактен тим, кој ќе создава квалитетен, препознатлив и содржаен музички звук, Дрим Тим во последниве години е во сегашниот состав на музичари.

Мотивот и целта на овој проект е да се повратат и регенерираат голем дел од “подзаборавените” народни и авторски песни кои ние сакаме да ги пренесеме кај пошироката јавност во наш автентичен и препознатлив стил. А доколку со нашата музика стоплиме многу срца, ќе бидеме многу среќни“, кажа Коцев.

А Маријан е многу горд на својот брат, па неодамна објави слика со него, како се на заеднички ручек во Охрид, и го слават Свети Никола. „Денес на раат. Вечно име батка мој, да си ми жив и здрав и треба да ми направиш песна“, напишал тој.

Previous articleБубе од Канал 5 искрено кажа од што се срамела, што ѝ пречело кај неа па го покривала, а еве како изгледа на најновата слика на Фејс (ФОТО)
Next articleЛила си ја отвори душата: Самиот плачеш во 4 ѕида, својата тага ја живееш сам