Home Live Што е ново кај Врчак- „Бекстејџ“ го имаат одговорот, ќе се откријат...

Што е ново кај Врчак- „Бекстејџ“ го имаат одговорот, ќе се откријат ли конечно неговите тајни?

Хитовите „И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Вози ме“, „Манастириски сон“, се само дел од репертоарот на еден од најпопуларните рапери кои се појавиле на македонската музичка сцена некога, Раде Врчаковски – Врчак.

Иако беше еден од најпознатите рапери и музичари, во последните десетина години Врчак живее далеку од очите на јавноста и е повлечен од светот на естрадата.

Врчак долго не сме го виделе во јавноста, но сега е објавена негова тазе слика, тоест како изгледа сега. Стилистот Арменд Рамадани објавил слика од Врчак и го означил во својата објава.

-Со мојот најдобар брат, по долго време- пишува во оваа објава, а очигледно е дека Врчак замина да си ја средува косата. Ама, рака на срце, тој изглед топ, доста подмладен ама и доста ослабен.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.

Неговиот талент е несомнен, но сите се прашуаа зошто се повлече од музиката?

Од Раде одамна не сме слушнале ништо ново, ниту пак најава дека нешто ќе снима. Тој не се појавува во медиумите, не дава интервјуа, го нема на социјалните мрежи, и никој не знае каде е и што прави. Неговиот колега и пријател Роберт Билбилов лани ја заскокотка јавноста со една објава.

Роберт објави слика од Врчак, која е стара и на неа напиша дека нешто се наговестува. Фановите по оваа објава помислија дека Врчак се враќа на сцената, но ништо од тоа.

По долго време, Врчак минатата година сподели објава на Фејсбук. Станува збор за негов постар пост кој го реобјави.

„Пак ке кажам никогаш во живот не сум навредил никој дури ни во мислите додека не дојдов од оваа тема. Песни се песни приказни, фантазии, комедии, напишани од влијание на општеството во кое сме растени“, напиша Врчак.

Пред неколку години „Слободен печат“ објави фотографија од Врчак, како изгледа денес. Многумина не би го препознале.

Дали со враќањето на социјалните мрежи тој најавува и враќање на музиката, останува да видиме. Пријателите на музичарот велат дека тој и сега создава нова, добра музика, но чека вистинско време да ја објави.

Пред 3 години, тој објави дека е во Лос Анџелес каде што продуцира нови песни за странски артисти. Токму Роберт Билбилов кој му е добар другар го спомена во едо интервју за Женски магазин и прозборе зошто го нема Врчак.

Билбилов зборуваше и за своето другарство со Тамара и со Дарко Димитров, но акцент му даде на Врчак во овој одговор:

-Со Дарко сме буквално скоро секој ден на линија, или возиме точаци заедно, или работиме музика…

Нашата дружба не се промени од првиот ден кога се запознавме, имав 15 години кога прв пат отидов кај него во студио, уште тогаш ме прими како свое дете кој е рамен на него, и ми ги отвори патиштата кон музиката и воопшто продуцирањето…

Бескрајно сум му благодарен за тоа…Тамара исто така, ние сме една душа во две различни тела, можеби денес поради секојдневните обврски не успеваме да се гледаме секој ден, но и кога нема да се слушнеме извесен период ние знаеме доста еден за друг.

Пријателството е како ѕвездите, и кога не ги гледаш едноставно знаеш дека се таму…

Врчак едноставно се повлече и од мене и од доста другари, пробувам да го исконтактирам но тешко иде конекцијата со него…

Мислам дека јас бев неуморливиот да го врати, но тоа е негов избор, јас искрено верувам веќе повеќе од една деценија дека ќе ни се врати со песни на кои ќе уживаме во неговите текстови, и ќе ни врати едно убаво чувство на сите нас.

Луѓето го сакаат и секојдневно се молат за неговата музика,Раде брате врати се…Ниедна песна нема да биде доволна добра или совршена,сепак убавината е во несовршеноста…“, рече Роберт.

На најавата за своето ново издание, естрадниот магазин „Бекстејџ“ не го споменува Врчак, но има доста негови слики кои се вртат во најавата и сигурно дека станува збор за интересен прилог.

Со оглед на тоа дека одамна не сме чуле ништо ново од Врчак, освен сликата која птетходно сме ја објавиле, нит знаеме каде и што прави сега, да се најдеваме дека дел од тајните на Врчак ќе се откријат токму тука.

Previous articleГи здружија силите Кате од „Нели ти реков“ и Мишко Крстевски, а од ова ќе се офајди и Анета Наковска
Next articleТаа го извлече од дом за деца и го викна да живее во нејзиниот стан- тажниот живот на Џеј Рамадоновски