Home Live Данијела Мартиновиќ во Скопје искрено откри: Љубовта мене не ми е судена...

Данијела Мартиновиќ во Скопје искрено откри: Љубовта мене не ми е судена (ВИДЕО)

Веста дека врската помеѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна по 24 години мината година ја изненади јавноста, а веста за новата девојка на хрватскиот заводник шоки раше повеќе од тоа.

Пејачот, откако во февруари оваа година и го кажа судбоносното „да“ на 15 години помладата Хана Хуљиќ, во јули станаа родители на малото девојче Алба.

Како што и самиот истакна во едно интервју поради деловни обврски, Петар не успеал да и се посвети на својата ќерка колку што сакал, но сега на социјалните мрежи се појави првата фотографија од гордиот татко со наследничката.

Даниела имала голема желба да се реализира како мајка, а своевремено даде и интимна исповед на тема борба за потомство, која потресе многу жени.

Исповедта на Данијела Мартиновиќ е оголена и искрена, а уметницата која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како се справува со тоа што не се реализирала во улогата на мајка и како во најтешките моменти пронаоѓа инспирацијата за да создава.

-Мајчинството ми е доста тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка, многу е јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство ми звучат и ми изгледаат вулгарно, некоректно.

Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко.

Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Данијела за Јутарњи пред неколку години, а пренесува „Story.hr“.

Пејачката тогаш изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но сепак верува дека ако тоа не се случи, ќе може својата среќа да ја пронајде и без дете.

-Детето е моја голема желба, никогаш не сум криела, но поради некоја причина тоа се уште не се случило. Не се откажав од тоа да бидам мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна и ако тоа никогаш не се случи, изјави тогаш поранешната партнерка на Петар Грашо, а пренесува споменатиот медиум.

Имено, таа во 2014 година за ИН Магазин изјави дека најголема желба и е таа и Петар да станат родители и дека разговарале за имиња за деца.

– Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве, навистина се надеваме дека многу брзо ќе се радуваме на таква убава вест.

Синот ќе биде Тони, се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, или Лус, интересно, тие се сосема дијаметрално различни, па можеби луѓето ќе се изненадат.

Мојата покојна баба беше Луце, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зори, исто така ми е двосмислена, убава и необична, а сепак блиска и различно од нас – изјави Даниела пред осум години.

Данијела на својот Инстаграм профил објавила слики како пее во Скопје.

На сликата изгледа топ, и се гледа дека многу убаво си поминала на овој настап во Скопје.

А, она што го објавила како видео е како цел клуб заедно со неа пее: Што сум јас, што си си ти мој животе, дали среќа или обичен сон? Затоа што љубовта, на мене не ми е судена…

Previous articleЕлена Ристеска: Еве како им докажав на моите дека нивното “малецко” може…
Next articleГо паметите ли актерот Џумерко- негов обожавател ги замоли сите само едно нешто поврзано со него