Home Live Го паметите ли актерот Џумерко- негов обожавател ги замоли сите само едно...

Го паметите ли актерот Џумерко- негов обожавател ги замоли сите само едно нешто поврзано со него

Има легенди во Македонија чии дела секогаш ќе се слават и ќе се паметат, особено актерските легенди,а еден од нив е токму тој, маркантниот прилепчанец Благоја Спирковски- Ѓумерко.

Благоја Спиркоски-Џумерко е познат македонски театарски и филмски глумец. Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп, од татко Киро и мајка Марија.

Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“.

Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како уб-ив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година.

За жал, Џумерко се упкоил во свокот роден град, Прилеп на 11 јуни во 2015 година., но неговите дела уште живеат. Токму тој беше инспирација за овој текст подолу.

Горан Марковски, кој е администратор на страната на Ѓорѓи Колозов, го споменал Ѓумерко, на овој начин:

– Иницијатива до Македонската телевизија. Гласајте со лајк. Ова е Благоја Спиркоски – Џумерко главниот јунак во серијата Елелига Пепелига. Би било крајно нечесно и неблагодарно кога само би ја критикувале Македонската телевизија.

Мтв е куќа на нашето детство! Од неа се снимени најубавите телевизиски серии по кои го паметиме нашето преубаво детство! Но револтот кон МТВ што сите го имаме добро ни е познат.

Но, во последниве години мора да признаеме дека МТВ дигитализира и емитува голем број на ТВ серии од раните ’70 и раните ’80 години за кои веќе сме заборавиле и дека постојат.

Тоа беше пријатно изненадување за сите нас. МТВ неодамна ги дигитализира долго очекуваните: Девојките на Марко, Едно лето, Другарувања, Чук чук Стојанче, До ре ми.

Шарам барам, Втората смена, Умни глави, Азбука на природата, Случки од животот. И други… Благодариме МТВ. Ајде сите едногласно да гласаме и нашиот глас да стигне до одговорните за оваа програма.

Да се емитува и да ја зачуваме од заборав култната и прекрасна серија ЕЛЕЛИГА ПЕПЕЛИГА на режисерот Ѓорѓи Стојаноски која треба да ја погледне секое дете и секој возрасен најпрво од едукативни причини, а најпосле од занимливи!

Тука се и тв филмовите: Премиера. За трошка среќа. Поштар.

Верувам дека оваа наша иницијатива ќе биде чуена од почитуваните во МТВ и ќе ни одговорат, со нивно емитување.

Ова нека биде само потик и мотив до МТВ да продолжи со дигитализирање на нејзината богата и неисцрплива архива која е од големо значење за нас! Ви благодарам МТВ!

Ви благодарам на сите!“, стои на страната на Колозов, а под оваа обајава адимнинистраторот навистина добил доста лајкови.

Previous articleДанијела Мартиновиќ во Скопје искрено откри: Љубовта мене не ми е судена (ВИДЕО)
Next articleНа изненадување на сите – се отвори Перо Камиказа и раскажа СЕ за Данела