Home Live Гоpд на својата сопруга, згодната Сpбинка- нашиот познат пејач денеска слави со...

Гоpд на својата сопруга, згодната Сpбинка- нашиот познат пејач денеска слави со посебен повод (ФОТО)

-За мене семејството претставува “СЕ”. Од една страна како поддршка, од друга страна како катче каде што секогаш ја црпам мојата позитивна енергија.

Поддршката од семејството и најблиските е најважна, тие се оние кои што се секогаш со мене, знаат да ме пофалат, но знаат и да ме критикуваат. Но знам дека тоа е секогаш од душа и со искрени намери.

Секогаш, од мал, сум заспивал со музика, така ми било полесно… А омилени приказни ми се македонските народни приказни, живеев за тие моменти и бев среќен, а како малку помал се воодушевував на приказните на моите баби и дедовци.

Пред се сакав да си играм со другарите друштвени игри… Ми недостасуваат деновите поминати со другарите, деновите поминати на училиште, тоа е период што за мене е еден од најубавите во мојот живот.

Бев секогаш одличен ученик, не дозволував никаков кикс, а на средношколските денови се сеќавам многу. Завршив средно музичко училиште во Битола, тоа за мене беше нова средина, но брзо се прилагодив.

Случка што ќе ја паметам е што уште првиот ден кога се вселив во интернат го направив најголемиот кикс, а тоа е дека си ги заклучив клучевите во шкафот и не можев да си отклучам“.

Ова во едно интервју за Рингераја го има изјавено нашиот познат пејач Александар Белов, кој учествуваше на шоуто Операција Триумф кое се снимаше и се одржуваше во Белград.

За талентот за музика тој кажа: Па можеби ми е наследен од татко ми, тој се занимавал долго време со музика, а крушата под круша паѓа. Секој ден, од мал, пеев и знаев дека еден ден ќе дојде вистинскиот момент да го докажам својот талент…“.

Сега, тој е семеен човек, и се пресели во Србија каде што живее неговата сопруга која се вика Јелена. Интересно нешто за Белов кој е инаку од Неготино е дека тој стана татко оваа година.

И тоа токму на настап за Стара Нова година, кога еден од гостите во локалот кај што пеел му нарачал песна, БЕлов почнал да му ја пее, и тогаш добил порака од сопругата дека им се родила ќерка, а таа се вика Мина.

-Приватно се знаеме многу подолго како пријатели, но некако тој вистинскиот чекор јас го направив во периодот кога баш бев учесник во првата сезона од „Танц со ѕвездите“. Тогаш таа изненадно дојде да ми биде подршка на снимање.

Таму се појавија тие први искри, неочекувано и спонтано се започна од тогаш, а неколку месеци подоцна ја започнавме нашата приказна која трае до ден денес.

А она што најмногу го сакам кај неа е еден подолг список на работи, но само ќе кажам дека Јелена ми е најголемата подршка и мотив, најдобар другар и пријател кој сум можел само да си го посакувам.

Едноставно џабе не рекле дека Вага и Водолија е најдобрата комбинација“, рекол тој во една прилика за Женски магазин за својата сакана. А потоа, се навратил на шоуто кое го прослави и кажал:

-Операција Триумф“ е шоу програма кој како етикета мислам дека ќе го имам до крајот на животот. Едноставно, како што Меси каде и да заигра ќе го паметат сите како играч на Барселона, така јас сум Александар Белов Операција триумф, хахаха.

Поминаа 14 години од почетокот на моето јавно појавување. Тоа е едно искуство кое секој кој се занимава со музика би сакал да го доживее. Но, како што се вели се што е слатко тоа е и кратко.

Така, добрата страна е додека трае тоа шоу, а каде што има добра страна постои и лоша, а лошата е што кога ќе се изгасат камерите што понатаму?

Да, сега ми се случи триумф знам како, но на 21 година, без ден искуство во шоу бизнисот не знаев како, што е и нормално.

Но реално инстант популарноста кој секој ја добива по некое такво музичко шоу, скоро па да не постои некој кој ја задржал. Но, сепак да не беше таа „Операција триумф“ ќе имав потежок пат да го работам тоа што навистина го сакам.

А најдоброто од ОТ е богатството од луѓе кои ми беа цимери цели 100 дена, со кои и до ден денес сме во контакт, и искуството да застанеш рамо до рамо со најголемите балкански ѕвезди“, изјавил Белов.

Александар на Фејсбук објави слика од својата згодна сопруга Јелена, и напишал: Мојата гордост. Ако поубаво погледнеме на оваа слика, се гледа дека Јелена Белов го дакла звојот завршен труд на Економскиот факултет.

Таа е сега дипомпомиран економист, а нејзината тема била по предметот национална економија. Може да се забележи дека оваа млада мајка изгледа многу убаво на сликата, а богами и таткото кој е среќен за успехот на сопругата.

Previous articleРеменски: Никој не кажува дали Сашо Мијалков воопшто бил и дали сега се наоѓа во струшкиот затвор за туризам и угостителство
Next articleМузичарот од Орце од „Арија“ ја покажа својата убава куќа во Холандија, еве во каков комфор живее сега со фамилијата (ФОТО)