Home Live Јована од Сител се опушти, музика ѝ свири на увце, ваква досега...

Јована од Сител се опушти, музика ѝ свири на увце, ваква досега не сме ја виделе (ФОТО)

Гледачите кои ја следат утринската програма „Ја сакам Македонија“ веќе добро ја познаваат Јована Стојменовиќ.

Харизматичната водителка која плени со својата појава во едно интервју за Иди види како се снаоѓа во улогата на главен и одговорен уредник на магазинот „Убавина и Здравје“, а воедно и кој е најголемиот предизвик со кој се соочила во текот на долгогодишната кариера.

-„Убавина и здравје“ е 10 години е присутна на пазарот како македонско издание.

Станува збор за лиценциран магазин кој има своја верзија во сите бивши Ју-републики.

Па, особено ми е чест што јас ги создавам нашите, македонски приказни за убавината, здравјето, модата и животниот стил генерално.

Тоа се теми кои мене лично многу ме интересираат како и повеќето жени, па уживам во целиот работен процес.

Од аспект на новинар и жена која е повеќе од 10 години има постојан медиумски ангажман во ТВ Сител, мислам дека имам одличен производ заедно со тимот на „Убавина“ и мислам дека читателките засега го потврдуваат тоа.

Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината.

Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед…

За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот. Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма…

Доволно е да ги следи бјути трендовите за шминка и нега или модните трендови и идеи за стајлинзи во сегментот мода.

-Сосема е различно бидејќи во споменатите два медиуми се комуницира со публиката или читателите на различен начин.

Утринската програма „Ја сакам Македонија“ е ТВ магазин каде јас сум главниот комуникатор во деновите кога сум на програма и имам поинаква одговорност во презентирањето на планираните и замислените содржини.

Таму се се случува моментално и во живо и потребна е подготвеност за секој миг или непредвидена ситуација, но таа си доаѓа со искуството. Темите се прилагодени за таргет-групата или гледачите кои се пред екраните наутро.

„Убавина и здравје“ е печатен магазин, месечник кој нуди поразлични начини за креативното изразување, пред се пишувањето, кое од детските денови ми било предизвик, а темите кои ги третираме пак имаат поразлична публика.

Јас мислам дека во утринската фокусот е на информацијата додека во магазинот на доживувањето.

-Не можам да одберам еден гостин. Секој пат учам нешто ново од луѓето кои доаѓаат кај мене во програма и ги гледам нивните начини на кои би сакале да се презентираат себе си или она поради што дошле, како се справуваат со тремата пред камерите…

Секој оставил некаков впечаток подобар или помалку добар, но јас не сум таму за да судам, туку да помогнам сите да бидеме задоволни, јас, телевизијата, гостинот и најважно – гледачите!

Мислам дека минувам низ него во овој период, но предизвиците се случуваат со причина и добрата работа од нив е што можат да го извлечат најдоброто од вас. Предизвиците настапуваат нагло и привидно сакаат да не сомелат.

Но, мислам дека клучот е да не пружаме отпор на нивната сила туку наместо борба со околностите и притисоците да влеземе во некаков танц во ритамот кој го диктира предизвикот. Ете така, малку филозофски за крај.

Јована сношти славела, и тоа со пријатели.

Александар Наков, кој е наш познат новинар објавил слики од Јована , како опуштено ужива, без јака шминка, а музика свири на увце само за оваа наша убава водителка.

Previous articleМузичарот од Орце од „Арија“ ја покажа својата убава куќа во Холандија, еве во каков комфор живее сега со фамилијата (ФОТО)
Next articleЕлена Ристеска: Еве како им докажав на моите дека нивното “малецко” може…