Home Live Лазаров ги изненади сите: Се повлекувам од снимање – нема пари, оваа...

Лазаров ги изненади сите: Се повлекувам од снимање – нема пари, оваа камера треба да се плати (ВИДЕО)

Лазаров завчера објави видео на својот „јутјуб“ канал со наслов „Треба да разговараме“. На видеото тој го прокоментира „лајвот“ на неговиот другар Мандар, каде гостуваше Боемот.

Всушност, Мандар и Лазаров дојдоа до препирка за брзите кредити, кои Лазаров ги рекламира. Боемот кој сега го откри својот идентитет, можеме да го видиме во сѐ повеќе интервјуа, каде го коментира непријатниот настан.

Боемот и Мандар ги спомнаа и брзите кредити, па во еден момент и Лазаров се појави кај Мандар дома, во сред снимање каде што настана расправија помеѓу нив двајца.

„Пред 2 дена, Мандар снимаше „лајвстрим“ со Боемот. Тие што го следите и него и мене, таа е публиката. Јас соработувам со Кредисимо, а Боемот ги напаѓа брзите кредити, веќе долго време.

Сега кога му гостуваше на Мандар, имаше ситуација во која што веќе 10-тина минути зборуваше за мене и за брзите кредити. Седејќи дома, си реков, ајде да станам, да отидам кај Мандар, да направиме шоу, да дигнеме гледаност.

Јас сум човек што секогаш сакал, сѐ уште сакам и ќе сакам дискусија. Многу ми е мило кога некој човек има став, независно дали тој мене ми се допаѓа или не. И отидов со намера да дискутираме, тоа и го направивме.

Немам проблем, сега вие да напишете во коментари, „Ти си идиот, ти си кретен, ги рекламираш брзите кредити…“

Немам проблем, Боемот да има таков став, како што кажав, сакав да отидам и да ги чујам неговите ставови и тој да ги чуе моите ставови.

Многу ми е криво што Мандар го избриша тој цел дел, не знам зошто го избришал, јас не му кажав такво нешто. Јас и Мандар не зборуваме после тој „стрим“.

Мојот став за брзите кредити накратко успеав да го кажам, накратко заради тоа што се случи на многу одвратна ситуација за мене, нешто што не го заслужив.

Токму тие јавни дискусии кога се случуваат, мора да се задржи нивото веќе кога пробуваме да зборуваме за некои интелигентни работи, теми сериозни.

Погледнете што се случи,“ вели Лазаров во видеото.

На видеото се гледа како Мандар му вели на Лазаров, „Колку ти даваат кредисимо“, додека во рака држеше 950 евра, а Лазаров вели: „Помалце се ова, мислам малце се ова.“

Нема да навлагам јавно за твоите морални вредности, за да не се караме во ситуацијава. Јас кажав дека не се во право луѓето кои си зимаат кредит.

Јас го правам тоа затоа што сѐ е јасно, читко и видливо. Јас не лажам некого. Во ситуацијата, конкретно со тебе, кога веќе треба да се споделат некои ставови, нема потреба некој некого да омаловажува.

Како јавни личности, прво работата ни е таква дека и ти имаш  мани и јас имам мани“, рече Лазаров во видеото, а споменатата тема проговори:

„Ми треба неколку дена, сакам малку да се смирам после ова видео. Не можам да снимам секој ден влогови и да ви делувам среќен, кога не сум, затоа што оваа работа јас ја работам од првиот ден со чиста емоција и со полно срце.

Можеби некогаш ви делува дека работам за пари ама тие пари мора да се прават. Мора да се живее, мора да се инвестира, мора вие да гледате, да се забавувате.

Ако ги нема парите, не можеме да постоиме, макар да креираме, оваа камера треба да се плати. Даре треба да се плати, да монтира.“

Целото видео на Лазаров може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleВесна Змијанац ќарила половина милион евра за само една песна- пејачката се отвори како никогаш досега
Next articleЌиро Блажевиќ: Ова е мој последен јавен настап, готово е – свесен сум за тоа