Home Live Kaтарина му кажа на Перо колку е лута кога не ја слуша,...

Kaтарина му кажа на Перо колку е лута кога не ја слуша, но и колку ѝ значи, но не покажува

-Знаете, кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба.

Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап.

Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба. Тоа би бил комплетниот одговор“, е коменгтарот на Катарина за „Слободен печат“ за нејзиниот успех.

Катарина Ивановска е наш успешен модел, кај нас и во светот, но таа е и посветена мајка на Кира и на Вања. Во едно интервју за „Слободен печат“, Катарина за своето семејство изјави:

– Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина.

Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Кира е многу мала за да е свесна за промените, а на Вања моравме да му ги објасниме новонастанатите околности.

Голем дел поминуваме во природа, а тоа за децата е, сепак, и најзабавно и најздраво“, рече таа на почетокот од пандемијата.

Таа долги години живеела во Њујорк, а има изјавено дека таму прво отишла со сестра си зашто нејзините не ја пуштиле да оди сама, зашто била многу мала кога заминала.

Уште кога живеев во Њујорк сфатив дека тоа е град за „single“ луѓе. Ти го зборувам Њујорк затоа што таму навистина живеев и таму никој не оди да оформува фамилија, туку таму луѓе одат да прават пари.

Таму на 25 години никој не те прашува зошто не си женет/мажен за разлика од тука, таму границата е поместена, сепак не го оправдувам баш и тоа нивното.

Прво е дека јас направив грешка што се вратив. Би растела дете надвор од тука, но во Скопје… што ми фалело, па на мене што сум пораснала тука?

Така што и тука би го растела моето дете“, рече Катарина во интервју за Црно-бело кога беше бремена со синот.

Катарина во една прилика раскажа дека никогаш не добила непристојна понуда ни во Македонија, ни во странство, и рече дека со секој „Fashion week“ манекенството и модната индустрија во Македонија одат во нагорна линија.

Ивановска потоа го коментираше прашањето за филмот „Трето полувреме“ и дека одлично знае да глуми. Изјави дека филмот „Трето полувреме“ е за неа едно убаво и големо искуство и раскажа дека никогаш не би пропуштила да отиде на уште некоја аудиција за филм ако ѝ се укаже можност.

Катарина гопстуваше во „Бекстејџ“ и рече дека е многу среќна со Перо и не откри повеќе од тоа.

Од друга страна, за своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа: Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ.

-Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој купил стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата, изјави Перо кога се разведе од Ружица за „Репортер.“

Во медиумите се пишуваше дека парот најверојатно не е повеќе заедно и дека веќе не се следат на популарната социјална мрежа, Инстаграм.

Но, сепак Катарина го скрши мразот и на посебен начин ги демантираше овие наводи. Таа објави слика на која кажува колку многу ѝ значи Перо, а колку му се лути.

За што поточно се работи може да погледнете на сликата подолу, но сигурно е дека на Катарина многу ѝ значи нашиот познат кошаркар по оваа објава, на која таа го тагираше.

Previous articleНа изненадување на сите – се отвори Перо Камиказа и раскажа СЕ за Данела
Next articleСпенџарска до сите кои ја нарекуваат провинцијалка и простакуша: Знаете дека сѐ ќе ве стигне, не дека јас сакам (ВИДЕО)