Home Live Маж за пример- Гоце, портпаролот на МВР раскажа каков домаќин е- пере,...

Маж за пример- Гоце, портпаролот на МВР раскажа каков домаќин е- пере, пегла, прави појадок за неговата сопруга

Наскоро ќе наполни една година ќерката на Гоце Андреевски, нашиот познат новинар кој работеше во Утринската програма на ТВ Телма, а сега е познат по нешто сосема друго, како портпарол во МВР.

Андреевски, вели дека животот комплетно му се сменил откако му се роди ќерката Јована. Неговата сопруга Даниела Арсовска ја роди ќерката на 23 јануари оваа година, еден час пред полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Новинарот се ожени во август, во 2021 година со својата избраничка Даниела Арсовска. Андреевски, кој публиката го засака како дел од популарната водителска четворка на „Утринска на Телма“, која веќе две години не се емитува, вели дека е многу среќен затоа што свадбата била волшебна.

„Даниела и јас сме заедно три ипол години. Се свршивме минатата година во Охрид, на Свети Наум“, ни раскажа Гоце кој на романтичен начин ја побара својата сакана за жена, на изворите на Дрим, а објави Женски магазин тогаш.

На Гоце му е драго што тој и Даниела својата среќа ја споделиле со своите најблиски, а меѓу гостите биле и неговите колеги „Утринците“ , Цеце Тодосовска и Марко Марк, со кои Гоце ги будеше гледачите на „Телма“ секое утро.

А била и водителката Ирена Спировска со својот партнер Душко Исајловски. Меѓу гостите бил и колегата на Гоце од МВР, Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи со јавност.

-Даниела е препозитивна личност, исполнета со многу, многу љубов, секогаш насмеана, ведра, но пред сè е добра како човек, полна со емоции. Многу сме среќни. Журката вчера беше волшебна“, додал Андреевски за истиот медиум.

Тој и Даниела се венчале во црквата Света Петка, а забавата се одржала во хотелот „Александар Палас“. „За убавата забава многу придонесоа музичарите, тамбурашите „Гезме“ од Куманово.

Направија одличен микс од македонска народна музика, поп-хитови од поранешна Југославија, италијанска музика…“, изјавил Гоце за неговата свадба со Даниела минатата година.

Гоце во Женски магазин на почетокот од пваа година ги испратил првите семејни фотографии од него со сопругата и со ќерката и рекол дека тој се грижи за домот доста посветно.

-Јована е слатко бебенце, многу е мирна, спокојна и се смешка кога се буди. Хит била уште на ГАК, сестрите и акушерките се сликале со неа постојано, а за Даниела докторите ми кажаа дека била пример за дисциплина, храброст и посветеност.

Јас речиси постојано бев пред Клиника. Чувството кога ја земав во раце првпат беше волшебно и тешко се опишува, само се доживува. Испреплетени емоции на љубов и среќа.

Важно е дека Јована е спокојна и смирена кога е во мои раце и во рацете на Даниела“, рекол Гоце за своето семејно царство кога неговата ќерка била бебе, а во јануари селдната година, таа ќе полни една година.

-За Јована максимално се грижиме заедно со сопругата Даниела. Додека тие спијат, одмараат, јас се грижам за домот, чистам, пружам алишта, подготвувам појадок и се грижам за спокој и љубов, а Јована тоа најмногу го чувствува.

Чувството е бесценето кога ја капеме Јована, јас ја капам, а мама Даниела чека со бањарката да ја завитка убаво. Нема поубаво чувство кога го држите во раце своето бебе и гледате дека е среќно.

За тоа дали спиеме, спиеме да ама кога ќе ни дозволи Јована“, ни раскажа Гоце за неговите први денови како татко. Секоја чест за Гоце и за неговата помош во домот, тој е маж каков што секоја жена би посакала.

Previous articleНаташа Мерсовска во спортско издание, надвор од студиото на Сител -ваква не ја знаеме (ФОТО)
Next articleОваа убавица му е ќерка на Валентин Николоски од „Сител“, раскажа и што многу му недостасува (ФОТО)