Home Live Музичарот од Орце од „Арија“ ја покажа својата убава куќа во Холандија,...

Музичарот од Орце од „Арија“ ја покажа својата убава куќа во Холандија, еве во каков комфор живее сега со фамилијата (ФОТО)

Музичарот Орце Димитровски кој беше вокал и гитарист на групата „Арија“, пред неколку месеци со сопругата Билјана дојде на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Димитровски веќе седум години живеат во Холандија, а Орце сега се занимава со сосема друга професија поврзана со ИТ секторот.

Биљана и Орце со десетгодишната Бјанка и четиригодишната Каиа изминатово лето беа на одмор во Охрид, како нивна летна традиција.

Орце искрено зборува за својот „двоен“ живот додека бил член на групата Арија, навечер музичар, а преку ден компјутерски инженер..

А, Биљана за нејзината возбудлива работа која ѝ помогнала да запознае светски ѕвезди како на пример Џиџи Хадид соработуваќи меѓудругите и за познати модни компании.

Биљана и Орце за Женски магазин ја споделија целата нивна македонско-холандска приказна, не испуштајќи ниту еден интересен детаљ.

– Отсекогаш и двајцата бевме поборници за живот надвор од Македонија, а при тоа сакавме да останеме во Европа, на стариот континент.

Одлучувачкиот момент најверојатно се случи кога се роди нашата прва керќа, бевме веќе 3 години во брак, и сфативме дека преселбата е неминовно нешто доколку сакаме нашето дете (деца) да расте во средина во која ние посакувавме“, рекле тие и исто кажа кажале што им се допаѓа во Холандија.

Дефинитивно архитектурата, високите тесни куќички, како и слободата и едноставноста на овој град кој го прават уникатен сам по себе. Секако и безбројните канали, на кои можете да видите и бродчиња-куќи каде што луѓето живеат“.

Потоа, Орце раскажал дали му фали музиката со која веќе не до толку се занимава.

– Секако дека да, сè повеќе ми фали дружбата со гитарата и музиката. Животот на “сцена“, убавите дружби, песната, снимањата , патувањата и сите убави (и помалку убави спомени) се неодвоив дел од мене.

Од друга страна пак, иако на публиката непознато, оние што ме познаваат знаат дека мојата љубов спрема информатиката и компјутерите потекнува од мали нозе, од времето на мојата прва “Амига“, “Атари“, “Комодоре“ купени во исто време со мојата прва гитара, малата хармоника и тарабука дома.

Се сеќавам како вчера на книжарата “Култура“ пред влезот на нижото музичко училиште каде што ги купив првите книги за “Бејзик“ правејќи мали шеги за моите маалски другари како сме ја хакнале НАСА, хахаха.

После долго живеење двоен живот, дење Орце од „Касис“, „Мелон“, „Еконет“, „Стопанска Банка“ ,„3ХР“, (морам да ги поздравам, многу ми фалат) и ноќе Орце од „Арија“ (не ми фалат толку многу оти се гледаме и дружиме често.)

Решивме заедно со Биљана да имаме повеќе време за нашата, тогаш единствена и мала Бјанка, сега 10 годишна татина маза заедно со, уште малку 4 годишната татина и мамина маза Каиа.

Решението беше тато да престане со двојниот живот и да спие кога сите спијат за да има сила и време. Изборот беше направен. Назад на прашањето, тешко, беше многу тешко.

– Навикнувањето не беше тешко затоа што одамна ја имав рутината на “канцелариското“ работење, раното станување (јас го сакам утрото и раното станување).

Мојата кариера ме однесе од мрежен и систем инженер, техничка поддршка и инженер за ескалации во Palo Alto Networks, до мојата сегашна позиција како консултант за Technical Customer Success Manager во Netskope.

Да поедноставам, се грижам за техничкото водење и консалтинг на неколку од нашите најголеми корисници“; изјавил овој познат музичар, а неговата сопруга кажала:

-По првите чекори во Controlling во ЕВН, во Холандија продолжив да работам во слична насока, Business Controlling.

Мојата професионална кариера во Холандија започна во комапнијата) PVH (Calvin Klein & Tommy Hilfiger) каде за прв пат вистински почувствував што е да се биде одговорен за иднината на една компанија, и каде прво што научив е дека имам уште многу да учам.

Стандардите, квалитетот во работењето и одговорноста на работното место во Холандија е на сосема поинакво ниво кое бараше дополнителни напори за усовршување и надоградба.

Секако искусив и многу интересени и убави моменти, соработував и работев со познати светски амбасадори на брендот и имав можност да присуствувам на убави настани организирани од компанијата“:

Орце на својот профил кој е заеднички со неговата сопруга, ја покажал куќата во Холандија во која живее, тоест комфорната дневна соба која се гледа дека е со стил уредена.

Музичарот и неговата сопруга изгледа дека имаат префинет вкус, па си го уредиле убаво домот, а на сликата се двете ќерки, покрај новогоишните декорации во нивната дневна соба.

Previous articleГоpд на својата сопруга, згодната Сpбинка- нашиот познат пејач денеска слави со посебен повод (ФОТО)
Next articleЈована од Сител се опушти, музика ѝ свири на увце, ваква досега не сме ја виделе (ФОТО)