Home Live Наташа Мерсовска во спортско издание, надвор од студиото на Сител -ваква не...

Наташа Мерсовска во спортско издание, надвор од студиото на Сител -ваква не ја знаеме (ФОТО)

Таа познато лице од ТВ Сител, позната новинарка со години. Кога станува збор за бизнис вестите, ја препознаваме Наташа Мерсовска, убавата битолчанка која е инаку мајка на Каја која има 4 години.

Новинарката Нашата Мерсовска и нејзиниот партнер Александар Ристовски во август во 2019 година направија свадба и црковна венчавка. Главна гостинка на забавата беше нивната ќерка Каја, која тогаш имала девет месеци.

Уште еден убав повод за веселбата била крштевката на Каја, која Мерсовска и нејзиниот партнер решиле да ја направат на истиот ден со свадбата“; објави Женски магазин во тоа време.

„Заврши свадбата, а ние два дена се „опоравуваме“. Забавата беше во „Ла Тана- Камник“, мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа.

Гостите си поминале добро, а ние уште подобро. На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажала уредничката на бизнис вестите на „Сител“.

Она што со што таа привлекло внимание на свадбата е уникатната и нетипична креација, која не била невестински фустан, туку блуза со цветови и пантолони.

-Не сакав класична венчаница, сакав пантолони, но немав идеја како да изгледам. Затоа побарав совет кај Олгица Георгиева, за која бев сигурна дека ќе смисли креација и модерна и елегентна.

Ме разубави студио Vogue и Шурбевски, така што, јас лично сум задоволна“, изјавила Мерсовска, која мора да се признае, била многу убава невеста а елегантно изгледал и нејзиниот сопруг.

Во истото интревју, Наташа Мерсовска за својата ќерка која како што напишавме погоре, во тоа време била уште бебе, таа рекла дека била херој на вечерта.

„ Херој на вечерта беше Каја, која ја издржа и бучавата и музиката, а и лично се забавуваше и играше“, додаде новинарката за својата ќерка.

Мерсовска за прв пат стана мајка во декември во 2018 година. Таа својата врска најпрвин ја круниса со брак со својот избраник Александар, а потоа се породи во една приватна скопска клиника донесувајќи на свет живо и здраво девојче.

Малечката доби убаво и модерно име, Каја!“, објави Вистина тогаш за Мерсовска. Откако ги минаа стандардните породилни процедури, мама Нате и малата Каја си дојдоа дома.

А пред да стапне во својот дом, малата убавица ја направи и првата заедничка семејна фотографија со мама и тато на излегување од породилиштето.

Новинарката на економската редакција на ТВ Сител пак, групниот семеен портрет го постираше на социјалните мрежи, тогаш, поточно на својот Фејсбук профил.

Покрај фотографијата постиран и текст со благодарност до лекарската екипа која како што самата Мерсовска вели, „се погрижила на свет да ја донесе малата убавица и покрај ризичната бременост“.

На една фотографија која ја има објавено Александар Спасовски, познатиот новинар кој е познат по прекарот Сарма, инаку сопруг на Славица Цаци Арсовска е и Наташа Мерсовска.

Новинарите се сликани надвор од студиото на ТВ Сител, а Наташа на оваа слика е во спортско издание- фармерки кајна и ниски чизми, не како што сме навокнати да ја гледаме пред камерите.

Секако, таа е убава и во вакво издание, и убаво е да се види во малку поразлично светло.

Previous articleКарлеуша ја објави последната порака која Милан и ја пуштил пред да се упокои (ФОТО)
Next articleМаж за пример- Гоце, портпаролот на МВР раскажа каков домаќин е- пере, пегла, прави појадок за неговата сопруга