Home News Ременски: Никој не кажува дали Сашо Мијалков воопшто бил и дали сега...

Ременски: Никој не кажува дали Сашо Мијалков воопшто бил и дали сега се наоѓа во струшкиот затвор за туризам и угостителство

Сашо Мијалков продолжува да биде главна тема во медиумите и на социјалните мрежи, по денешниот најнов момент, кога не присуствуваше на рочиште во судот.

Пред две недели, пак скопска Апелација му ја укина 12 – годишната затворска казна на Мијалков и случајот „Таргет – Тврдина“ го врати на повторно судење.

Апелација засега не го објави образложението на одлуката, туку соопшти дека пресудата на Кривичен била нејасна и противречна, пренесува Канал 5.

Но, јавноста не ја виде ниту првостепената пресуда ниту одлуката на Апелација. Токму затоа Врховниот суд донесе начелен став – судовите да ги објавуваат и неправосилните одлуки за случаите од јавен интерес.

И Врховен и Судско – медиумскиот совет најавија дека до Министерството за правда ќе поднесат иницијатива за измени во Законот за управување со движењето на предметите во судовите во кој е предвидено судовите да ги објавуваат само правосилните пресуди.

Од правда за Канал 5 велат дека ќе ваквата иницијатива ќе биде разгледана.

Судијата Огнен Ставрев на рочиштето кажа дека и покрај тоа што уредно го известиле затворот и добиле повратен одговор на 14 декември дека во затворот ја добиле наредбата за спровод, сепак Мијалков денеска не беше присутен во судот. Судењето се одложи, а Управата за извршување на санкциите соопшти дека ќе врши вонреден надзор во струшкиот затвор.

„Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни.За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана“, соопштија од Управата за извршување на санкции.

За разлика од судот, директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќура вели дека Кривичниот суд направил техничка грешка. Во затворот во Струга добиле две наредби за спровод на Мијалков со ист датум – едната во ноември, другата во декември. И двете наредби имале ист датум за спровод на Мијалков во суд.

„На 14.12.2022 година во нашата институција повторно пристигна барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање датумот на судското рочиште е истиот со претходното барање – 12.12.2022 година“, вели Ќура за Канал 5.

Мијалков во „Титаник 2“ може ќе се спаси од одговорност. Идната години нему му застарува кривичното дело примање награда за противзаконите влијание за наводни изборни нерегуларности во 2013 година.

Судењето Апелација го врати на почеток во Кривичен пред три години поради суштествени повреди во постапката. Оваа одлука на Апелација и ден – денеска не е позната за јавноста.

Свој коментар за случајот Сашо Мијалков, имаше поранешната министерка за труд, потпретседател на Парламентот и поранешен потпретседател на СДСМ, Фросина Ременски:

„Сите гледат датуми и толкуваат техничка грешка од барања за спровод и повратница, а никој не кажува дали Сашо Мијалков воопшто бил и дали сега се наоѓа во струшкиот затвор за туризам и угостителство. ЈАКО!

Ја засени свечената декларација на претседателот Пендаровски дека немало правда со спогодби со криминилаците мислејќи и на овој кој верувам дека ни тој не знаат каде е.“

Ова го напиша поранешниот висок функционер на СДСМ и актуелен професор на факултетот за безбедност, Фросина Ременски, на својот профил на социјалкните мрежи.

Previous articleЌе им каже ли некој на жените со големи, „праени“ муцки дека на ништо не личат?
Next articleГоpд на својата сопруга, згодната Сpбинка- нашиот познат пејач денеска слави со посебен повод (ФОТО)