Home Live Роберт од Здраво Македонијо не сме го виделе досега во вакво издание,...

Роберт од Здраво Македонијо не сме го виделе досега во вакво издание, си патува низ Европа и ужива

ТВ водителот Роберт Јанков е еден од нашите најпознати водители, а секое утро го гледаме со неговите убави колешки, Милена Анстовска, Јелена Спенџарска, Александра Илиевска и Вера Мештеровиќ на Утринската програма на Канал 5.

Во една прилка, кога му беше роденден, Вистина за него напиша: Го исполни својот профил на Фејсбук со стотици коментари кои од пријателите и следбениците беа упатени на негова сметка.

Поводот беше неговиот роденден кој годинава го обележа дома, а не исклучи ниту да дува роденденски свеќи. Жените обично ги кријат годините, но кај мажите откривањето на возрата не е некоја голема работа.

Имено, Роберт во април го прослави прослави 43, роденден, а кога го славеше 41-от роденен, за време на пандемијата, за бројките на тортата се пошегувал пишувајќи:

-Не верувај во се што ќе видиш, немаше други бројки…

На 20 август во 2013 година, на сајтот на Канал 5 беше објавена убава вест поврзана со Роберт, која гласела вака:

Во 14 часот на Клиниката за гинекологија во државна болница се роди првото дете на водителот на утринската програма на Канал5 Роберт Јанков.

Бебето е родено со 3 килограми и 750 грама, долго 52 сантиметри. Името е веќе избрано, кумот Даниел Георгиевски реши да се вика Кирил.

Роберт и Моника влегоа во брак во септември 2012, неполна година потоа пристигна новиот член на нивното семејство. Нека им е жив и здрав“, пишуваше тогаш, а Кирил е сега веќе големо момче.

Како што рековме погоре, Роберт доста се дружи со своите колешки од Канал 5, а исто така сака и да патува и да прави убави и уметнички слики кои ги објавѕва на Фејсбук од своите патувања.

Во една пприлика, неговата колешка Јелена Спенџарска објави видео на кое таа си зборува со својот колега Роберт Јанков, во студиото на Канал 5. Водителката вели дека му е љубоморна што тој ќе замине на одмор, а нејзиниот одмор завршил.

Јелена го прашува Роберт: Како се чувствтвувате, а тој на шега ѝ одговара: Евентуално. Потоа, Спенџарска им дава поддршка луѓето кои сакаат да променат нешто во својот живот.

– Како да не прскаат со нешто, сите сме негативни, намќ ори, зло бни, по лни со омраза, така да, ако имате шанса, пакувајте куферите и одете!“, порачала Јелена тогаш.

А, според она што го гледаме на Фејсбук профилот на Јанков, тој како навистина да ја слуша неговата колешка и често ги пакува куферите и патува секаде, па може да се види дека е љубител на убавите пејсажи.

А и неговиот Инстаграм профил е полн со слики од местата што ги има посетено: Солун, Болоња во Италија, а ужива и во посета на нашите места, Дојран, Галичник… Речиси сите слики се црно- бели.

Фотографијата и патувањата се негова страст, што и пишува како опис на неговиот Инстаграм профил.

Роберт неодамна бил во Белгија и споделил слики од таму, ама на една е во несекојдневно издание, со капче, дуксер, и ужива во своето кафе, а во вакво спортско издание досега не сме имале прилика да го видиме.

Роберт е вистински хедонист, а тоа дека ужива во животот е видлило ако му ги поглденете профилите на Фејсбук и на Инстаграм, кои се полни со убави слики и позитивни сеќавања.

Previous articleОваа убавица му е ќерка на Валентин Николоски од „Сител“, раскажа и што многу му недостасува (ФОТО)
Next articleВесна Змијанац ќарила половина милион евра за само една песна- пејачката се отвори како никогаш досега