Home Live Спенџарска до сите кои ја нарекуваат провинцијалка и простакуша: Знаете дека сѐ...

Спенџарска до сите кои ја нарекуваат провинцијалка и простакуша: Знаете дека сѐ ќе ве стигне, не дека јас сакам (ВИДЕО)

Јелена Спенџарска летово беше „женски одмор“ со мајка си, сестра си и внуките Емона и Љубљана. Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, се гледа дека водителката и нејзината мајка навистина наликуваат една на друга.

А тоа се гледа и на новите слики кои Јелена ги објави на Фејс со посебен повод, а тоа е роденденот на нејзината мајка.

Јелена објавила неколку слики од својата мајка и напишала: Среќен роденден мамо!

На сликите, личат како да се сестри, а не мајка и ќерка, и убавата мама на Јелена добила доста убави зборови и честитки по повод нејзиниот посебен ден, нејзиниот роденден.

Јелена во една прилика се огласи на тема која постојано се дебатира – дали инфлуенсерството е работа. Таа проговори и за сите кои не ја поддржуваат, но и поддржуваат.

Кога ќе создадеш потполно нереална и невистинита слика за мене, а мене ме ‘боли уво’ да ја менувам. Многу луѓе не ти даваат и нема да ти дадат никаква поддршка овде на профилот. Ќе им се допадне сè што прават Тања, Вања и Сања, ама НЕ и ТИ.

И ај тоа нема врска, туку после одреден период, без претходно никакво БРАВО или ЗДРАВО ќе им текне да ти пишаат – ‘Е, ај сподели го профилот, другарка ми изработува накит’!

А, чекај, извини јас на социјална служба да не личам? Плус, цело време се зборува во негативен контекст за инфлуенсерите, демек ништо не прават, по што се познати па тие?!?

Чисто информативно, луѓето заработуваат одлични суми на интернет, даваат откази од работа за да се занимаваат со Инстаграм, Јутјуб и слично. Ако вас нешто не ви е јасно во главата, тоа не значи дека не се случува!

Затоа нареден пат, пред да „исхејтате“ некој овде, пробајте баш спротивното – да бидете барем малку љубезни и да кажете некој убав збор, никогаш не знаете кој ќе ви затреба во животот!

Вчера Јелена Спенџарска на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое им „плесна“ во фаца на сите оние кои што ја навредуваат.

Јелена овие луѓе ги нарече лицемерни и посочи дека треба да имаат малку совест, особено поради оние кои можат да си го одземат животот заради ваквите коментари.

Еве што рече Јелена во видеото:

„Некогаш ќе прочитам некој лош коментар кој што сте го оставиле за мене на некој интернет портал. „Грдосијо, провинцијалко, врати се од таму кај што си дошла, погледни се во огледало, свашта.“

Мхм, океј. Пред некое време имавме дури и кревање рака на себе, на ученик во едно школо во Скопје, баш поради булинг и наназад имаме ред ситуации во кои што можеби не довеле до с м- рт, но сепак се зборува за булинг и колку е тој ште тен.

Сите ние сме на Фејсбук: „Леле, да колку е важно менталното здравје, треба да збориме, да го сопреме тоа, да бидеме поддршка едни за други, да се сакаме повеќе.“

И после, одиме на друг портал во коментар. Имавме девојка која за гина во Африка која што се „онадела“ во Африка.

„Ако ѝ е, го добила тоа што го заслужила, не сакам да навлегувам во детали, но кога ќе отидете кај било која јавна личност овде и повторно во коментари ќе напа ѓате:

„Простакуша, глупава, од каде ѝ пари, што па таа разбира.“ Вие сте лицемерни, не ве сакам. Толку лицемерие, толку зло ба, толку гнев, толку фрустрации.

Јас лично немам видено. Немам коментар. Знаете дека сѐ ќе ве стигне, не затоа што јас сакам. Не затоа што јас ви посакувам лошо, не дај Боже.

Лицемерни сте,“ изјави Јелена во новото кратко видео на Инстаграм каде доби многу поддршка во коментари.

Целото видео може да го погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleKaтарина му кажа на Перо колку е лута кога не ја слуша, но и колку ѝ значи, но не покажува
Next articleТомо Аврамски кај Васко Ефтов во емисија, откри на кој начин Борис Трајковски стана претседател