Home Live Aлександар Јосифовски од Охрид го покажа татко си и раскажа многу за...

Aлександар Јосифовски од Охрид го покажа татко си и раскажа многу за него, еве во што уживаат како татко и син (ФОТО)

Александар Јосифовски кој на јавноста ѝ стана познат по учеството во „Sвезде Гранда“, рапидно ги реди своите успеси, кај нас, но и надвор.

Јосифовски беше еден од фаворитите и многумина мислеа дека дури и тој ќе победи.

Неговиот ментор, Ѓорѓе Давид откри дека омилениот Сале имал сериозни проблеми со алк охолот, а сега на оваа тема конечно си ја отвори душата и самиот Јосифовски.

„Не почнав да пијам поради некоја лична емотивна приказна и немав тежок живот. Едноставно ме понесе еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога сум бил весел.

Имам екипа со која свирам по клубови и постојано пиевме за време на тие свирки. Така и се случи да излезам од колосек“, раскажува Александар.

Во интервју за српски „Курир“ открива дека веќе шест месеци е трезен, како што вели, благодарение на инјекциите и таблетите кои му се редовна терапија.

„Постојат блокатори кои ги земате и така станувате алергични на алкохол. Дури и мала доза може да биде трагична по вашето здравје. На почетокот ми беше тешко, но сѐ е подобро без ал кохол, многу е поубаво со бистра глава, полесно е“.

Сега ми се гади од тоа што сум пиел и како сум се однесувал“, признава талентираниот музичар, пренесоа српските медиуми.

– Некои работи се случија во мојот живот, но сега сè е океј и „кул“. Успеав да го надминам тоа заедно со него и моето семејство и секој што има таков проблем нека го реши затоа што е подобро вака, барем да има контрола.

Донекаде влијаеше и ми го спаси животот и кариерата, имаше голема улога во тоа – призна тој.

При завршување на последната сезона на „Sвезде Гранда“, Александар откри и што има планирано за наредниот период и што и се подготвува на публиката.

– Ќе има нова песна сигурно, со бендот правам изненадување за публиката што ќе биде во мој стил, а ќе имаме можност да соработуваме и со некои текстописци, аранжманите сами ги правиме, наскоро ќе се случи нешто големо – изјави Александар.

По спектакуларната вечер и високото второ место што го освои во Македонија, се подготвува големо славје.

– Прославата дефинитивно ќе биде кај мене, баба ми дефинитивно ќе подготви специјалитети, ќе има можност да видам многу луѓе кои знам дека ме чекаат – рече тој и призна дека ќе му недостига „Ѕвезде Гранда“.

Александар продолжи да реди успеси не само во Македонија, туку и низ целиот свет. Тој на социјалните мрежи често објавува слики од настапите, но и мал дел од неговиот приватен живот.

Јосифовски често покажува каде е и како ужива, заслужено. Она што е интересно за него е тоа што во една прилика раскажа за неговиот дом во Охрид, кој е прекрасно уреден во аристократски стил, а за „Црно бело“, рече:

„Идејата за уредувањето на домот беше фамилијарна, односно моја и на сопругата, а учество во уредувањето имаше и мајка ми.

Идејата беше да има аристократски шмек со дизајни како од минатото за да се чувствуваме убаво како на филм. Отсекогаш сум сакал да го направам тоа и еве конечно си го реализирав сонот.

Но, мора да признаам самиот процес на уредување беше навистина макотрпен.

Тешко е кога треба да се договори каква боја да биде, што да биде, па јас изигрував мајстор од тоа каков тип да биде ѕидот, па до лајсни и сите детали.

Пред сè идејата беше да се направи топол дом со убава атмосфера и светлина. За мене светлината е клучна.

Почнавме со столбови во аристократски грчки стил.

Целиот процес беше како една сложувалка, ова одговара со тоа, ова не и сето тоа траеше околу 2,3 месеци. Сега сè е комплетирано.“

Александар пред некое време објави слика во кола и стави локација дека се наоѓа во Флорида, која ја нарече неговиот втор дом.

Потоа објави серија од слики како се бања во базен и напиша дека таму каде што има вечно сонце, таму е Флорида.

Се гледа дека пејачот е освежен, а она што е интересно за него е тоа што неговата мајка постојано го охрабрува и пишува специјални работи за својот син.

На крајот на ноември кога Александар ја објави својата нова песна „Отопи ме“, мајка му Елизабета напиша:

„Честитки од се срце сине за твојата нова прекрасна балада, преполна емоции, испеана од душа. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и блискава кариера, ти го заслужуваш. Мојот свет.“

Елизабета е исто така пејачка, но со оваа професија не се занимава веќе долги години, но ужива во музиката на својот син, чиј талент го наследил од мама.

Татко му на Александар, Роберт Јосифовски го прослави својот роденден на почетокот на овој месец, а синот му честиташе со специјална порака:

„Имавме убави моменти тато… Направивме убави спомени… Добри времиња ќе има исто така, за нас… Среќен роденден тато, те сакам и ми фалиш…

Мојот татко, мојот пријател, мојот партнер за риболов…“

На сликата подолу може да се забележи дека Александар и Роберт си личат еден со друг, а се гледа дека нивниот заеднички јазик како татко и син го пронаоѓаат во риболовот.

Previous articleБилјана Дебарлиева во женско друштво во ресторан во опуштено издание, наздрави со убав повод (ФОТО)
Next articleОваа позната Ју пејачка му беше голема љубов на Масимо Савиќ, кој се упокои денес