Home Live Девојката на Роналдо, Георгина била продавачка, а сега живее како принцеза: Животот...

Девојката на Роналдо, Георгина била продавачка, а сега живее како принцеза: Животот не ја галел, еве што рече за синот што го изгуби

Георгина Родригез е волшебната и гламурозна девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо. Георгина е 28-годишна шпанска манекенка, танчерка и мајка.

Таа има повеќе од 42 милиони следбеници благодарение на излегувањето со најследениот маж на Инстаграм.

Имала многу среќно детство во нејзиниот мал роден град со своето семејство.

Најпрво работела во Масимо Дути и кратко време по трансферот во Гучи, бил моментот кога нејзиниот живот драстично се променил од продажба на луксузна облека до носење на истата на црвениот тепих.

За време на работата во Гучи, започнала романсата меѓу неа и Кристијано кога тој бил нејзин личен клиент за купување и ја прашал дали би сакала да му се придружи на некој настан.

Остатокот е историја откако неколку пати беа забележани од папараците заедно. Врската на парот набрзо почна да напредува и да преминува во нешто посериозно.

Во нејзината нова серија на Нетфликс, „Јас сум Георгина“, таа објаснува како патувала на работа со автобус, а потоа Кристијано ја земал во Бугати од работа.

– Кристијано, исто така, во серијата објаснува дека никогаш не очекувал дека работите ќе станат толку сериозни меѓу нив двајцата, додека на крајот таа станала жената на неговиот свет и сега се заедно повеќе од 5 години.

Серијата го документира секојдневниот живот на Георгина додека таа го раскажува своето минато. Убавицата сигурно има извонредна промена на животниот стил што е ништо помалку од раскошна.

Георгина Родригез неодамна им порача на обожавателите дека нејзиното семејство ја вратило од работ на очајот по упокојувањето на едно од нејзините близнаци.

Девојката на Кристијано Роналдо, моделот и инфлуенсер, наводно потпишала договор на почетокот на годината за да глуми во продолжението, втората сезона за нејзината серија, „Јас сум Георгина“.

Деталите за емотивните признанија што таа ќе ги направи за нејзината катастрофална загуба во април сега се појавуваат бидејќи Нетфликс потврди дека „Јас сум Георгина“ ќе се врати „наскоро“.

Трагедијата на 28-годишната девојка и нејзиниот партнер Роналдо, ќе биде клучен дел од втората сезона.

„Животот ми даде толку многу за толку краток временски период. Оваа година го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот во еден миг.

„Се скрши големо парче од моето срце и се запрашав како можам да продолжам понатаму. Одговорот го имав поблиску отколку што мислев.

Гледав во очите на моите деца и таму го видов единствениот начин да го направам тоа, да бидеме сите заедно“.

Шпанката со аргентинско потекло не кажа многу за упокојувањето на едно од нејзините близнаци за време на породувањето.

Таа и Роналдо ја објавија својата загуба на 18 април во изјава што ги скрши многу срца:

„Со наша длабока тага мораме да објавиме дека почи на машкото бебе. Тоа е најголемата болка што секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа.

„Би сакале да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за сета нивна стручна грижа и поддршка.

Сите сме уништени од оваа загуба и љубезно бараме приватност во ова многу тешко време. Нашето момче, ти си нашиот ангел. Ние секогаш ќе те сакаме“.

Георгина го нарече своето преживеано девојче Бела Есмералда свој „мал благослов“ во емотивната објава на социјалните мрежи на која се гледа како спие со кукла во устата кога имала речиси четири месеци.

Кон крајот на минатиот месец таа објави уште една фотографија од нејзиното мало девојче, едно од двете деца што ги има со Кристијано, иако таа се однесува како мајка на неговите други три деца.

Таа за Роналдо отсекогаш имала само пофални зборови, а во една прилика рече:

„Јас сум девојката на најследениот маж“, изјави Родригез во серијата. „Кристијано е одличен, тој е многу нормален тип.

Сонував да имам шармантен принц покрај мене и сега го имам“.

Previous articleСнеки и во шестата деценија ги привлекува мажите, уште е најубава на естрадата, а еве како изгледа денес (ФОТО)
Next articleНе треба да се заборави што направил Масимо Савиќ за Македонија, овој спомен со Сања Николиќ не се брише (ВИДЕО)