Home Live Емотивно обраќање на Сузана Гавазова- искрено кажа зошто е благословена и посебна

Емотивно обраќање на Сузана Гавазова- искрено кажа зошто е благословена и посебна

Нашата фолк пејачка Сузана Гавазова знае на социјалните мрежи да сподели слики од нејзиниот приватен живот, со сопругот и со ќерките, и исто така знае и да изненади со видеа колку добра домаќинка е.

Па така Сузе знае да готви солено, од чорби, тави, пити, но и десерти во кои уживаат нејзините најмили.

Оние кои ја следат на социјалните мрежи, веќе се навикнаа Сузе често да споделува што имаат на менито за ручек.

На стори на Инстаграм сподели видео од луксузниот стан во кој живее со сопругот Јасмин и со ќерките Емилина и Селена.

„Добро утро“, напиша Гавазова под видеата, а на нив се гледа дека Сузе живее во супер луксузен, но и вкусно уреден стан со топ поглед од прозорот.

Сузе сподели и што подготвила за појадок за себе и за сопругот Јасмин, а тоа е хот- дог.

Без оглед што Гавазова изгледа топ и има одлична линија, таа може да си дозволи и да се опушти со нешто вкусно без оглед што не станува збор за здрава храна.

Една од најпопуларните македонски поп фолк изведувачки во една прилика даде во искрено и отворено интервју за порталот Точка. И секако, годоби прашањето: Како ја освојуваш публиката со глас, стас, добар настап, добра песна?

-Најпрвин добра песна, секако тука е и стасот. Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна. Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала.

И сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови.“, рекла Сузе, а потоа кажала нешто многу приватно, кое ретко кој од пејачите го споделува, а тоа е кој е нејиниоот најголем бакшиш:

Па, добро, имало бакшиш многу, но тоа не се однесува само за мене, туку за целата група и кога ќе се подели – пак е малку.

Па ајде да кажеме, ако ме прашувате за најголем бакшиш би го посочила настапот во 1999 година со групата „Пицикато“, а имавме гости од Турција кои не почестија со 2500 германски марки.

И во Австралија можам да се пофалам со добри бакшиши“, рекла оваа наша пејачка која важи за една од најзгодните и најбараните, а тоа со години трае. Пред да го запознае Јасмин, таа дала ваква изјава која се однесува на мажите:

-Најранлива сум последниве години, ми недостасува многу љубов, бидејќи немам човек кој би ме чувал, стои заштитнички покрај мене, а најопасна бев кога имав 25 години. Тогаш мислев дека светот е мој, а сега се чувствувам по ранлива. Избегнувам случки кои може да ме повредат.

Завчера, на Сузе и било роденден, и добила ептен многу честитки на социјалните мрежи, од лица кои ѝ се блиски, но и од нејзини обожаватели, и потоа откако слегнале впечатоците, таа со стори на Инста, емотивно се обратила:

-Прво, сакам да се заблагодарам на Бога за мојот живот. Би благодарам и на вас драги мои роднини и верни пријатели што одвоивте од вашето скапоцено време за да ми го честитате роденденот.

Вие сте толку посебни за мене, се чувствувам благословена што имам толку луѓе што ме сакаат и ме почитуваат.

Ве сакам најмногу. Бидете ми поздравени и од Бога благословени“, напишала Сузана во ова емотивно обраќање на Инста стори.

Previous articleСе стопи Агнеса, нашата инфлуенсерка ептен ослабена, се пофали со убави вести (ФОТО)
Next articleКалиопи искрено раскажа: Ромео и јас сме си судени еден на друг