Home Live Илина со смрзнати трепки и веѓи во летна маица среде зима- оваа...

Илина со смрзнати трепки и веѓи во летна маица среде зима- оваа жена е херој (ФОТО)

Нашата позната алпинискта и уметник Илина Арсова е сега на доусовршување, всушност на докторски студии во Америка, на универзитет во Тенеси. Арсова е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“.

Таа ова го постигна искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот..

Таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски), магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција), дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител…

-Во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот. Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација“, рече Илина во дно интервју за Слободен печат и додаде:

Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, …, всушност ги има многу …

Апсолутно дека не е се’ освоено и не може да се освои. Мојата филозофија е дека човек не може да освои планина туку планината да му дозволи да стапне, или не на нејзиниот врв.

Исто така станува збор за различни спортови и различнни предизвици кои јас ги практикувам како планинарење на големи височини, искачување карпи, алпинизам, ски алпинизам и слично. Секоја дисциплина си има свој предизвик“, рекла таа.

За своите студии во Америка, раскажала во Женски магазин: „Овде сум веќе четири месеци и зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.

Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас. Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.

Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.

Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.

Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.

Овде забележувам доста разлики во структурата на часовите, следиме многу обуки во однос на методологијата и мерки за заштита на податоци. Технологијата и како се опремени училниците веројатно е најнапредната разлика меѓу нашиот и овдешниот систем.

Динамиката на часовите исто така е различна, домашните задачи се доста креативни и интересни’, кажала Илина и рекла дека секој слободен миг го користи да замине на планина.

Илина на својата нова слика е на планина, и напишала дека има шминка на денот. А всушност, оваа уникатна шминка на Илина се змрзанати веѓи и трепките, порадуи ниските температури.

Но, Илина никогаш не се жали, па така, облечена во летна спортака маица со откриени рамења, вешто му пркоси на студот и се насмевнува.

Previous articleЕлена Ристеска со добри вести за скопјани: Облечете се топло, ве чекам (ФОТО)
Next articleИрена се стегна во специјални хулахопки и кажа каков проблем има: Многу ме болат нозете (ФОТО)