Home Live Калиопи искрено раскажа: Ромео и јас сме си судени еден на друг

Калиопи искрено раскажа: Ромео и јас сме си судени еден на друг

Калиопи Букле во последно време е повеќе активна на сцената во поранешна Југославија каде повторно полна да одржува успешни концерти. Таа редовно со своите фанови комуницира на социјалните мрежи.

Нашата музичка дива ретко дава интервјуа, а инаку одржа концерт во Велес минатиот месец, и  во едно постаро, за Фешнел има изјавено за својт стил и имиџ кој го негива со години:

-Веројатно тоа е врежано некаде внатре во мене , врзано со самото раѓање, каде е човек роден, каде го вдишал првиот воздух, во какво семејство и луѓето од кои можеш да видиш што е животен стил.

Како што била баба ми, моите тетки, мајка ми,татко ми, мојата сестра која е постара од мене и секогаш ми била идол во однос на тоа каков изграден стил имала таа.

Значи ние сето тоа го впиваме и се врежува во нашите мисли и око, дури на моменти се фаќаш себеси како имитираш некого, препознаваш дека е дел од она што ти го правиш и со тек на времето растеш и доаѓаш до моментот, ова ми одговара, ова не и така според мене оди целиот тој процес.

Со тек на времето ги пронаоѓам луѓето на кои знам дека му припаѓа некое мое парче облека.

Има една смешна ситуација уште кога имав повеќе килограми од сега, имав купено едни панталони во Загреб, кои не можев да ги навлечам дури ни до колено ама многу ми се допаѓаа.

Па така ги подарив на мојата сестра која тогаш беше послаба од мене. Јас бев лута на себе што не можев да ги гледам панталоните и кога ослабев таа не ги облекла воопшто и ме израдува кога дојде и ми ги донесе како подарок.

Кога ги облеков бев многу благодарна затоа што со тоа ми врати едно парче што многу ми значеше а ми ја врати и вербата дека освен мене верувала во тоа што сум јас.

Не можам да излезам од дома без моето среќно сребрено прстенче кое што го носам на малиот прст. Сакам убави ремени, и овој што го носам денес е еден од моите среќни талисмани со кои некогаш можеби претерувам и не можам да ги исфрлам од себе.

Не сум жена која обожува накит во вид на дијаманти и скапоцени работи затоа што сметам дека убавината на жената може да се закити со многу едноставен но оригинален аксесоар кој што може да биде и обична бижутерија ама кога ќе ја носите толку самоуверено и точно може да изгледа прескапо па дури и поскапо од еден дијамант“, изјави Калиопи.

Кога Калиопи одржа концерт во Белград, нејзиниот поранешен сопруг, но сегашен соработник, Ромео, со големо внимание и уживање го следеше концертот од првиот ред, поради што многумина се посомневаа дека меѓу нив има нешто повеќе од музичка соработка:

Тој е човекот кој најдобро ме познава кога е музиката во прашање. Ние двајца сме судени еден на друг. Ако не во животот, барем сме во музиката.

Таму никогаш не се разделивме. Ако сме се разделиле како сопружници, не сме како музички тандем. И двајцата имаме што да и понудиме на публиката, да и кажеме. Не случајно го запознав во животот“, вели пејачката со раскошен глас.

Ретко се случува двајца луѓе да останат во толку добри односи по разводот, но Калиопи и Ромео сепак успеаја да го направат тоа:

„Морам да смислам некој скан-дал за себе, за луѓето да почнат да зборуваат за нешто друго. Секој интелигентен човек кој во себе има хуманост, достоинство и животна етика знае да остане во добри односи со некој со кој го делел животот.

Јас сум жена која не пл-ука во бунарот од кој пие вода. Мене ми беше предодредено да бидам со Ромео, музика која не поврзува, душата душата ја познава и тоа е најважно. Толку многу песни, приказни, албуми и концерти немаше да се родат.

За публиката е важно што ќе пее Калиопи, а не дали носи мини здолништа, деколте, дали е разведена или не. Тоа не е мој стил. Навикната сум публиката да ме слуша. И јас сум тука да ги расплачам кога треба“, кажала Калиопи за српскиот портал Blic.rs.

Previous articleЕмотивно обраќање на Сузана Гавазова- искрено кажа зошто е благословена и посебна
Next articleОперацијата траела шест часа, а криела од семејството дека е болна- познатата српска пејачка ја отвори душата