Home Live Пејачот Маријан Стојаноски ептен сменил имиџ- има побелена коса, а ова е...

Пејачот Маријан Стојаноски ептен сменил имиџ- има побелена коса, а ова е неговата сопруга која му роди две деца (ФОТО)

Маријан Стојаноски е еден од најинтересните ликови на домашната естрада, пејач кој е познат по својот добар глас.

Во последно време, тој не е активен на естрадната сцена, но не ја напушти музиката. Маријан и сега пее, но во хорот на Националната опера и балет.

Маријанво 2020 година во Скопје се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска. Маријан и Наташа планираа и свадба, но поради пандемијата планоовите мораа да ги одложат.

Во јули во 2020, Маријан Стојаноски стана татко, а убавата вест ја сподели на својот Фејсбук со пријателите и со фановите. Тој преку фотографија на која штрк го носи бебето ѝ посака добредојде на ќерката која ќе се вика Вероника.

Маријан, кој е познат по хитовите „Ненаситен“, „Подарок“, и стиховите „Роденден, мала забава“ кои се пеат на родендени минатата година во декемвриво 2019 година, ја побара Наташа за жена.

„Наташа е Охриѓанка и синоќа ја побарав за моја сопруга во интимна атмосфера.

Можам да кажам дека е нежна и женствена, едноставно исто дишеме. Во повеќето работи се сложуваме, да не кажам во се’. Медиумите не ми биле секогаш наклонети, сакам таа да живее мирен живот.“

Вака лани Маријан ја опиша својата Наташа. На нивната годишнина од бракот, таа го опиша него на начин на кој не го знаеме.

Се чувствувам сакано и благословено. Мојот најдобар пријател, мојата најголема љубов.

Најдобар човек на светот, кој ме инспирира секој ден.

Среќна годишнина најдобар сопруг и татко на светот, рече Наташа за Маријан.

Во една прилика, Маријан ѝ направи изненадување на сопругата која слави роденден. Тој ѝ го испеа својот голем хит „Роденден“, и објави семејни слики со роденденска торта.

„Среќен роденден моја најмила“, напиша тој до сликите од семејната прослава.

Пејачот во декември во 2021 година стана татко по вторпат, а убавата вест ја соопшти преку својот Фејсбук-профил.

Неговата сопруга Наташа на свет го донесе нивното второ чедо, синот Петар.

-Добре дојде синко Петар, напиша тој на Фејсбук. Маријан на новата насловна фотографија на Фејсбук е со сосема нов имиџ.

Имено, пејачот е со побелена коса, а инаку секогаш го знаевме со неговата црна коса.

А на сликата, тој е со неговата Наташа, сопругата која му ги роди синот и ќерката и за која рече дека му е сродна душа.

Previous articleТалентиран за музика, еве каква романтична мелодиа засвире Михаил Китановски, партнерот на Татјана Стојановска среде познат хотел (ВИДЕО)
Next articleБилјана Дебарлиева во женско друштво во ресторан во опуштено издание, наздрави со убав повод (ФОТО)