Home Live По долго време, во јавноста се појави Александар Деловски- еве како изгледа...

По долго време, во јавноста се појави Александар Деловски- еве како изгледа сега некогаш најпопуларното ТВ лице(ФОТО)

Александар Деловски за постарите е дел од плејадата најдобри новинари на овие простори. Помладите можеби не го паметат неговиот лик, но сигурно го препознава неговиот глас.

Дел е од многу реклами, спотови, манифестации. Кој друг ако не Александар Деловски. 24 инфо го праша зошто се откажа од новинарство, како се снајде во ПР- водите, и дали пак би го одел истиот пат доколку е на неговиот почеток.

За новинарството вели дека со него бил во „брак“ и дека моментот кога почувствувал дека не е целовит си заминал од него.

За себе вели дека е горд татко на три деца и потенцијален бавчаванџија во околината на Скопје“ напиша 24info.mk во една прилика.

Тој сега веќе не се занимаав со класично нопвинарство, и еве што одговори на прашањата- зошто се откажавте од новинарство, и кој беше пресудниот момент да кажете доста е одам во нови предизвици?

– Краткиот одговор е – едноставно не се случи! А добро се запознавме, јас и професијата новинарство. Само што, тој брак или е целовит или нема да го биде. Во доцните 90-тите „таа“ почна од корен да се менува и да бара од мене нешто што не можам да ѝ го дадам.

И, како и во секоја врска, тогаш е најчесно е да ја прифатиш промената.

Некако во исто време, во контакти со маркетиншкиот „гуру“ Иво Лауречиќ и со уште неколкумина ентузијасти се отвори приказната со односите со јавноста и со Имиџ ПР, која, ете сѐ уште трае и се развива, повеќе од 20 години.

-Читањето е моја пасија. Толкувањето на текстот, снаоѓањето во повеќеслојноста на смислата, а потоа е неговата интерпретација е нешто во што се чувствувам „дома“, на свој терен.

Којзнае од каде тоа доаѓа, ама знам дека се виновни и авторитетите кои ме навлекле на тоа, во детството, школувањето, а особено потоа, во Македонската радио-телевизија.

Отсекогаш сум им се восхитувал на оние што знаеле да ја пренесат убавата мисла на свој, карактеристичен начин. Како и да е, со читањето сме во постојана и стабилна врска.

Оние што во агенциите за односи со јавноста работат со медиумите постојано се во допир со новинарството, со неговите карактеристики исо праксата. Затоа најчесто и доаѓаат од оваа професија. Основната разлика е во појдовниот ракурс.

Кај новинарството тоа би требало да биде само јавниот интерес, а кај ПР-от- јавниот интерес и „брендот“. Интересното е што токму јавниот интерес и правовремената, вистинита информација всушност се и основните допирни точки.

Кога на двете страни ќе се најдат вистински професионалци, кои се раководат од овие премиси, меѓу нив може да постои разбирање. Истовремено, тоа е веројатно најтешкото и во двете професии“; рекол Деловски за 24 инфо.

Потоа, го прашале за неговиот приватен живот, за кој малку се знае, затоа што и тој самиот во долгогодишната кариера, прво како новинар, а и потоа, не го екпонирал во јавноста:

– Горд татко на три возрасни „деца“, среќен што имаат толку подобра мајка од татко им и потенцијален бавчаџија во околината на Скопје. Средовечна класика“, кажал тој за себеси.

Деловски сега помалку се појавува во јавноста, барем што се однесува до медиумите и ТВ гостувањата, а на Фејсбук, се појави слика од новогодишната прослава токму на фирмата во која работи.

Ангелка Пеева Лауренчиќ, која е сопруга на упокоениот Иво Лауренчиќ, на Фејсбук има поставено слики од забава која се одржала на јивната фирма, а на сликите со неа и е Деловски.

-Image PR – 20 години од основањето: над 100 клиенти, околу 300 комуникациски платформи и кампањи, отприлика толку кризни комуникации, над 2.000 настани, над 3.500 соопштенија за медиуми, над 4.000 подготвени говори / изјави, над 10.000.000 клипирани објави…

Овој тим, нашите ценети клиенти, новинарите и останатите партнери. Ви благодариме за се’. Клиентите пред нас, ние позади сцена. За се’ што следува и за многу години“, стои во објавата на Лауренчиќ.

На сликата, Деловски е посериозен, со брада, но секако е лице кое не се заборава од ТВ екраните особено за оние кои растеле во негово време.

Previous articleВака е во домот на Тања Кочовска, Предраг го чува внукот, Нела качена на фотелја… (ФОТО)
Next articleОва е првиот маж на Сузана Манчиќ, ја понижувал и многу патела поради него