Home Live Се стопи Агнеса, нашата инфлуенсерка ептен ослабена, се пофали со убави вести...

Се стопи Агнеса, нашата инфлуенсерка ептен ослабена, се пофали со убави вести (ФОТО)

Јавноста ја запозна скопјанката Агнеса Органџиева откако таа го остави својот сопруг Роберт Орданоски, инаку бивш долгогодишен директор на АЕК, а тој изреволтиран објавуваше статуси во знак на револт кон сопругата.

Сепак како што кажаа и двајцата, тој тоа го правел бидејќи бил повреден. Сега ситуацијата е под контрола, децата и припаднаа на Агнеса, а Роберт ги гледа кога ќе посака, а постара ќерка замина на студии во Словенија.

Во една прилика, Агнеса си ја отвори душата пред објективот на естрадниот магазин Бекстејџ па ја раскажа својата страна од приказната.

За ска-ндалот со колешката од ПУИК, каде наводно имало тепачка, Агнеса изјави дека тие двете не се степале туку само се подбутнале, бидејќи често имале кон-фликт поради нивната голема разлика во годините и различните ставови.

На прашањето пак дали е спо-нзоруша бидејќи е секогаш „скоцкана“ од глава до пети и живее на „висока нога“, Агнеса образложува дека има многу компензации и спонзори преку социјалната мрежа Инстаграм, а во врска со сопругот апсолутно тврди дека не е спонзоруша, бидејќи да била немало да опстане тој брак цели 18 години.

Агнеса во едно интервју за Женски магазин зборуваше како се негува:

– Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.

Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин.

Агнеса деновиве објави фотографија на која рекламира производи. Очигледно е дека има нов „занает“, професија – инфлуенсерство.

Органџиева се приклучи во семејството на многу жени во светот и неколку кај нас, кои од својата убавина, преку рекламирање на прозиводи, успеваат да заработуваат добри пари преку социјалните мрежи.

Храна, чевли, облека, козметика – додека седите лежејќи во удобна фотелја или среќно шетате во природа, некои од производите се изборен дел од нивната придружба.

Колку и да изгледа зборот инфлуенсер како нематеријален, денес тие заработуваат многу повеќе од луѓе кои се занимаваат со други професии.

Агнеса на Инстаграм брои повеќе од 100 илјади следбеници, и речиси сите објави ѝ се „спонозрски“ тоест речиси на секоја таа рекламра или модни дидатоци, чанти, чевли, козметика, угостителски објекти. На Агнеса очигледно дека ѝ тргна инфлуенсерскиот бизнис и топ заработува.

Агнеса, на новата слика која ја објавила се пофалила дека склучила уште еден договор, за рекламирање на облека на бутик од Гостивар. А, она што го носи на неа е мини фустан.

Се забележува дека Агнеса е доста ослабена последниве месеци, а тоа особено се гледа на оваа слика, со модеот кој го носи, а ја истакнуга нејзината тенка половина и нозете.

Ако се спореди со сликите од претходно, се гледа дека Агнеса навистина држи до себе и внимава на својот изглед и на одржувањето на линијата и на добрата форма, што е секако за поздрав.

Previous articleОва е првиот маж на Сузана Манчиќ, ја понижувал и многу патела поради него
Next articleЕмотивно обраќање на Сузана Гавазова- искрено кажа зошто е благословена и посебна