Home Live Талентиран за музика, еве каква романтична мелодиа засвире Михаил Китановски, партнерот на...

Талентиран за музика, еве каква романтична мелодиа засвире Михаил Китановски, партнерот на Татјана Стојановска среде познат хотел (ВИДЕО)

Михаил Китановски во медиумите е актуелен и често го пишуваат поради врската со Татјана Стојановска, нашата позната презентерка, а тој е професија сертифициран DMI тренер и ментор на Galeksia за модулот Digital Marketing Strategy.

Тој e сопственик и генерален директор на компанијата за консултантски услуги Kitanovski & D2EM (D2EM Consulting) и е консултант за менаџмент во бизнис заедницата“, објави во една прилика https://galeksia.com

Неговото портфолио вклучува повеќе од 20 години искуство во работа со интернационални, светски-познати, компании за бизнис стратегија, продажба, финансирање и прашања поврзани со растот на компанијата.

-Тајната е многу едноставна – секој ден планирано учење по 40-60 минути, или повеќе. Знаењето во комбинација со реални примери од пракса претставува клучот за успехот. До врвот се стигнува со работа и само работа, а тоа во оваа индустрија претставува учење/знаење.

Мислам дека не сум на врвот во светот, но во секој случај Ви благодарам.

Во текот на утрото, а тоа е редовно пред 08 часот, веднаш почнувам со работа, а доколку имам повеќе време почнувам со брзо одење, 40-50 минути и продолжувам со работа.

Во последно време, 80 % таа работа е преку камера, а останатите 20% се состаноци или работни сесии onsite, се разбира со сите мерки за безбедност. Во попладневните часови сум дома, со семејството, или т.н. слободни активности :).

Речиси секој втор ден, од 22 часот продолжувам со активности на компјутер во зависност од неколкуте клиeнети кои ги имаме во соодветната временска зона.

Свесен сум дека ваквиот распоред се одвива со брзo работно темпо, но верувајте ми, речиси секоја година наоѓам 30-40 денови за одмор.

Мислам дека е најважно пристапот на предавачот/консултантот да биде конкретен, јасен и со реални примери.

Пренесувањето на знаењето треба да биде недвосмислено и поврзано со стручна литература.

Само и само во тој случај и студентите и клиентите се задоволни бидејки добиваат мерлив излез во облик на знаење, решение, конкретни консултации и предлози за подобрување. Секако, важна е комплетна интеракција и соодветен хумор во одредени мигови.

Секогаш се трудам да пренесам знаење преку 100% реални примери или примери кои одговараат на индустријата/областа во која работат моите слушатели.

А што се однесува до основното знаење, тоа е редовно преку стручна литература или литература која одговара на барањата/курикулумот“, изјавил Китановски.

Пред неколку години во Бектејџ, Татјана рече дека ја освоил со неговиот интелект и шарм, а потоа Тања во Џентлмен магазин раскажа дека се запознале на летување.

Потоа, нивниот прв состанок бил во Скопје, а Михаил бил романтичен затоа што ја поканил на морска храна и на бело вино.

На неговиот Фејсбук профил тој често објавува слики од нивните заеднички патувања и викенди, а во една прилика тој објави слика од семејна вечера на која е и Тања.

-Без наслов, но со повод. Merlot 1992, е описот под фотографијата која ја објави Китановски, а според личностите кои ги означил станува збор за неговото семејство, од кое сега е дел и Татјана. Еден од коментарите под сликата е токму за семејните вредности и вели:

-Семејството не е дефинирано само по презимето или крвта, тоа е дефинирано според посветеноста и љубовта,ова значи да бидете таму кога сте потребни најмногу, ова значи да се грижите еден за друг,ова значи да се сакате едни со други дури и во оние денови кога не можете да се поднесете,ова значи никогаш да не се откажете едни од други“.

Михаил се покажа и како талентиран музичар, па засвире среде познат скопски хотел, и тоа пијано. Засвирел класична мелодија, и тоа доста романтична, па со неа им посакал на своите пријатели Среќна Нова година.

Нема што, овој човек освен што е успешен во својата работа е и добар музичар, и не му било проблем ни јавно да засвири, а по видеото се гледа дека воучењето пијано, тој вложувал многу труд.

Previous articleМПЦ со остар демант до Оливер Андонов: Да престане да си припишува заслуги кои што ги нема
Next articleПејачот Маријан Стојаноски ептен сменил имиџ- има побелена коса, а ова е неговата сопруга која му роди две деца (ФОТО)