Home News Томо Аврамски кај Васко Ефтов во емисија, откри на кој начин Борис...

Томо Аврамски кај Васко Ефтов во емисија, откри на кој начин Борис Трајковски стана претседател

За многумина до скоро беше непознат, но оние кои го познаваат, велат дека Томо Аврамски од Берово е најпознатиот Македонец во дијаспората.

Во последните месеци, Томо Аврамски имаше две интервјуа во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Васко Ефтов, а синоќа беше третото интервју.

Аврамски во годините наназад, има дадено неколку интервјуа и за српските медиуми, а особено впечатлкиви се оние кај познатиот српски новинар Мариќ.

Томо Аврамски е непресушен извор на информации, бидејќи е сведок на многу настани. Тој е кум и најдобар другар на Жељко Ражнатовиќ Аркан, има живеено во Белград, а долги години потоа, во Франција.

Неговата бизнис кариера започнува како софтвер и хардвер провајдер, односно увозник на компјутерска опрема. Како што вели Томо, тој го има донесено првиот комјутер во поранешна Југославија.

Ги опремува речиси сите државни институции и стекнува голем број познанства меѓу политичарите и во бизнисот, но и во подземјето.

Аврамски е еден од најистакнатите членови на македонската дијаспора и е во редовни контакти со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Аврамски е активен и во Македонија, помага во остварување на странски бизнис контакти  со македонски политичари, но и е сведок на многу настани од внатрешната политика.

Томо Аврамски во синоќешната емисија, зборуваше за бизнисот со цигари, поради кој завршува и во притвор, а потоа има и други проблеми.

Во делот македонска политика, Аврамски откри дека во еден период, соработувал со ВМРО-ДПМНЕ кога го издаваше неделникот „Сведок“, а по доаѓањето на Никола Груевски на чело на оваа партија, тој работи и на пиарот на партијата.

-Во еден момент, во мојот стан, дојдоа Сашо Мијалков и Орце Камчев и донесоа спремен текст за Љубчо Георгиевски, за кој подоцна разбрав дека бил подготвен и напишан од Мане Јаковлевски и Тодор Петров.

Реков дека ќе ја објавам оваа афера за Љубчо, но истовремено ги прашав зошто ова му го прават на човекот, кој практично им ја даде партијата, рече Томо Аврамски.

Томо Аврамски бил сведок кога во Берлин дошле Борис Трајковски, Доста Димовска и останати видни членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Требало да се одлучува кој ќе биде претседателски кандидат на партијата, а најсериозен кандидат бил Марјан Ѓорчев.

-Се видовме со Трајковски и ми рече дека се обидува да стане претседателски кандидат. Љубе Бошкоски бил на негова страна, но Љубчо Георгиевски сакал да го стави Марјан Ѓорчев.

Ми рече дека мора да се убеди Доста Димовска, бидејќи доколку таа застане зад него, тој сигурно ќе биде кандидат.

Домаќин на средбата беше Гојко Јаковлевски, кој според мене е најголемиот патриот во дијаспората и спонзор на ВМРО-ДПМНЕ, рече Томо Аврамски.

Спиевме во ист хотел со Доста Димовска и Борис Трајковски, а другиот ден, се видов со Борис Трајковски и ми рече дека работата е наредена – Доста е убедена!

Така и беше, тој стана претседател, рече Томо Аврамски.

Видеото од настапот на Аврамски, во кое изнесува многу интересни пикантерии и кое трае речиси два часа, можете да го гледате ТУКА

Previous articleСпенџарска до сите кои ја нарекуваат провинцијалка и простакуша: Знаете дека сѐ ќе ве стигне, не дека јас сакам (ВИДЕО)
Next articleВака е во домот на Тања Кочовска, Предраг го чува внукот, Нела качена на фотелја… (ФОТО)