Тања Кочовска е актерката во која луѓето се за љубуваат штом стапнат во театар како деца, а таа љубов ја носат низ години те воодушевувајќи се на талентот на својот идол.
Постарите генерации пак ја воздигнуваат не само поради умешноста да ги засмее, туку поради скро мниот пристап кон животот што одбра да го следи ќерката на познатите Панче и Невена Кочовски од групата „Мањифико“. Невена за жал, овој свет го напушти на крајот од август оваа година.
– Засмејувањето на другите спаѓа во моја професија и тоа се учи на факултет и на сцена преку искуство, а јас веќе 30 години сум присутна таму. Обично бабите велат: Моето внуче како глуми, па тоа е готово за кај вас во театар.
Јас на тоа велам: Во ред јас ќе го земам кај мене во театар, ама мене нека ме земат на хирургија, бидеј ќи сум одличен хирург…во претстава. Многу луѓе не ја разбираат оваа професија.
Да, јас сакам да ги засмејувам луѓето, но во суштина ние што успеваме да засмејуваме, од друга та страна ситуацијата ни е малку тажна. Знаете, од комедија до трагедија има само еден чекор.
Не велам дека кај мене ситу ацијата е тра гична, но знам да бидам тажна и чувствителна, а тоа луѓе то тешко го препознаваат. Многумина мислат дека јас и вон работното време треба да сум ведра и насмеана.
И еден Чарли Чаплин кој го засмејувал цел свет, во суштина бил многу тажен. Сакам да кажам дека оној што од брал да го засмејува светот, сака од тоа да од мори, едноставно да ја врати устата на место“; рекла Тања во едно интервју за pluspharma.mk
-Ќе излажам ако речам дека не сум забележала дека аплаузот станува по гласен и се надевам дека тоа ќе остане така.
Многу години се трудев да го постигнам тоа, едноставно работев на тоа да и биде пријатно на публиката кога ме гледа на сцена, да го почувствува тоа што го играм на сцена и да биде дел од тоа до крај на претставата.
Тоа ми беше и идејата и желбата и целта, јас не сум семоќна акерка, но она што го можам, верувам дека го работам коректно и поради тоа публиката ме наградува.
До ден денес учам од постарите колеги кои што ми го даваат тој бесплатен занает, но без никаков проблем учам и од помладите кои се навистина талентирани и добри актери.
Оној што е паметен, ќе знае како да го искористи талентот од колегите во своја полза.
Зам да измам на смевки и на луѓето околу мене. Не можам да речам дека секогаш го правам тоа од почеток до крај на денот или на вечерта, се пак тоа би му дошло како прекувремена работа.
До мене секогаш има други хумористични, интересни луѓе и колеги коишто исто знаат да забавуваат па се надополнуваме. Не сум од оние што сакаат постојано да бидат во центарот на вниманието, доволно е блиц, споредна улога е најдобро.
Сакам да работам на мјузикли, плус знам да пеам, но за тоа треба многу работа, многу кондиција. Одиграв во два мјузикли и мислам дека добро го пра вам тоа сега за сега, додека ме држат нозе.
Што се однесува до филмот, за мене тој е потуѓ поради начинот на работа. Во „Пред дождот“ со Билјана Танески глумевме сестри босанки. Во тоа време, многу се дружев со Ленка Удовички, тоа е сопругата на Раде Шербеџија.
Паметам дека плач ејќи отидов кај Раде да поразговара ме за тоа како се игра пред камера, затоа што бев исплашена. Па така со Раде поработевме пред снимање, но тој дел од филмот отпадна.
После години соработував со Владимир. Блажевски, на „Година на мајмунот“ сле дуваа и неколку кратки улоги како во „Преспав“ меѓутоа не се чувствувам сигурна, даските ми се по сигурни.
Театарот ми е она вистинското, таа голгота, солзи, пот, нерви, снага, и кога премиерата ќе помине како што треба, веднаш се се заборава. Сепак, не ја исклучувам можноста да работам со добри режисери од кои знам дека ќе научам многу“, изјавила Тања во ова интервју.
Кочовска шернала слика како си ужива предновогодишно со своите колешки од Македонскиот народен театар во еден локал и на сликата сите се ептен весели.
Тања Кочовска објави и уште една убава слика како ужива со внукот, дома кај неа. Тоест,сликата беше шерувана за време на финалето на светското првенство во фудбал, и е прикажано како нејзините најблиски го следат натпреварот.
Предраг го држи во раце малиот Јоаким, околу нив кашички за бебе, а ќерката Нела, од возбуда е качена на фотелја. Тања не објави за кого највивало нејзиното семејство, но малиот Јоаким уште од сега го учат да биде љубител на фудбалот.