Home Live Ирена се стегна во специјални хулахопки и кажа каков проблем има: Многу...

Ирена се стегна во специјални хулахопки и кажа каков проблем има: Многу ме болат нозете (ФОТО)

Додека нејзините обожаватели будно ја следат секоја нејзина објава на социјалните мрежи, други ја критикуваат што објавува фотографии во костими за капење, па дури и затоа што се тетовирала.

Пејачаката настапува насекаде низ Македонија, а по напорната агенда со настапите, таа знае одмори во Охрид.

Кариерата на Ирена Спасовска трае веќе 30 години, таа многу одамна за првпат се фатила за микрофонот и од тогаш пеењето е нејзина професија која ја работи со многу љубов и посветеност.

-Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа велам не сум ни толку стара, иако некој ќе рече: Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика.

Инаку сум во цутот на најубавата младост“, рече пејачката во емисијата „Фолк ексклузив“.

-Да се пошегуваме малку. Приватно, кога не пеам јас сум пред се мајка, и секојдневно се соочувам со оние убави и помалку убави работи што ги носи животот на една тинејџерка, од нели љубовни проблеми до помагање во училиштето.

Јас се навратив нели на тој период, сега повторно повторувам историја, право, македонски, целта ми е нели да си го насочам детето, да го изведам на прав пат, потоа доста шетаме, одиме, посетуваме разни места, се дружиме во текот на денот“, изјави Ирена за својата ќерка Тамара.

Во тој период таа била помала, но сега има веќе 22 години, а Ирена често на Феjсбук знае да се пофали со својот убава ќерка, и времето што го поминува со неа и со нивниот домашен миленик.

-Во времето кога јас почнував се почнуваше со оние стари, македонскии песни, но јас кога почнав на 14 години во тоа време беше срамно да се каже дека пееш народно.

Почнав забавно и набргу видов дека забавното некако не ме влече, и почнав од 15 години да си снимам народни песни.

Ирена објавила слика од некое егзотично летувалиште каде што одмара, комплекс со базен и ги облече нејзините омилени жолти купаќи кои најдобро и го истакнуваат деколтето.

Потоа ја објави оваа порака: Кога си среќен и сонцето трча по тебе“, напиша Ирена, а под сликата доби само пофални коментари дека прекрасно изгледа.

Спасовска сега е во жири комисијата на новото македонско талент шоу, а во најавата за една од емисиите Ирена на еден кандидат му рече:

-Ако по вторпат се мажам, да ми пееш на свадба и тоа да ми ја отпееш оваа песна, му рече Ирена на кандидатот, а за која песна се работи не покажаа во најавата.

Во секој случај, Ирена размислува за оваа можност и сега знаеме дека пејачката би си го дала срцето по вторпат.

Спасовска на својот Фејсбук профил објави фотографии од себе и напиша дека поради работата многу ја болеле нозете:

„Драги пријателки. Сакам со вас да споделам еден проблем и едно решение за истиот. Поради природата на мојата работа почнав да чувствувам отежнатост во нозете.

Секако веднаш се консултирав со доктор специјалист кој ми кажа дека е тој проблем се јавува кај над 30% од луѓето.

Причина за тоа е внатрешната промена на вените, а таа се појавува како последица на долгото стоење, носење високи потпетици.

Едно од најефикасните решенија е носењето на чорапи или хулахопки со градуирана компресија. Почнав да ги користам компресивните хулахопките од германскиот бренд Medi.

И секако да ја поздравам големата стручност на тимот од Medicus Help, кои ми помогнаа во изборот и одредување на соодветната големина.

Веќе наредниот ден почуствував олеснување. Нозете не ги осеќам тешки, а долгото стоење веќе не ми е проблем.

Моја топла препорака ако имате ваков проблем,бидејќи здравјето треба секогаш да ни биде на прво место,“ напиша Спасовска која на сликите се гледа дека ептен е стегната и добро се држи.

Previous articleИлина со смрзнати трепки и веѓи во летна маица среде зима- оваа жена е херој (ФОТО)
Next articleТамара кажа што би сменила во животот и која грешка од минатото би ја поправила