Home Live Тамара кажа што би сменила во животот и која грешка од минатото...

Тамара кажа што би сменила во животот и која грешка од минатото би ја поправила

Раде Врчаковски – Врчак беше еден од нашите најпопуларни рапери. Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат.

Врчак, заедно со Тамара и со Адриан Гаџа беше и на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.

Неговиот талент е несомнен, но сите се прашуваа зошто се повлече од музиката?

Од Раде одамна не сме слушнале ништо ново, ниту пак најава дека нешто ќе снима. Тој не се појавува во медиумите, не дава интервјуа, го нема на социјалните мрежи, и никој не знае каде е и што прави.

Неговиот колега и пријател Роберт Билбилов лани ја заскокотка јавноста со една објава.

Роберт објави слика од Врчак, која е стара и на неа напиша дека нешто се наговестува. Фановите по оваа објава помислија дека Врчак се враќа на сцената, но ништо од тоа.

По долго време, Врчак минатата година сподели објава на Фејсбук. Станува збор за негов постар пост кој го реобјави.

„Пак ке кажам никогаш во живот не сум навредил никој, дури ни во мислите додека не дојдов од оваа тема. Песни се песни приказни, фантазии, комедии, напишани од влијание на општеството во кое сме растени“, напиша Врчак.

Пред неколку години „Слободен печат“ објави фотографија од Врчак, како изгледа денес. Многумина не би го препознале.

Дали со враќањето на социјалните мрежи тој најавува и враќање на музиката, останува да видиме. Пријателите на музичарот велат дека тој и сега создава нова, добра музика, но чека вистинско време да ја објави.

Пред 3 години, тој објави дека е во Лос Анџелес каде што продуцира нови песни за странски артисти. Токму Роберт Билбилов кој му е добар другар го спомена во едо интервју за Женски Магазин и прозборе зошто го нема Врчак.

Билбилов зборуваше и за своето другарство со Тамара и со Дарко Димитров, но акцент му даде на Врчак во овој одговор:

-Со Дарко сме буквално скоро секој ден на линија, или возиме точаци заедно, или работиме музика…

Нашата дружба не се промени од првиот ден кога се запознавме, имав 15 години кога прв пат отидов кај него во студио, уште тогаш ме прими како свое дете кој е рамен на него, и ми ги отвори патиштата кон музиката и воопшто продуцирањето…

Бескрајно сум му благодарен за тоа…Тамара исто така, ние сме една душа во две различни тела, можеби денес поради секојдневните обврски не успеваме да се гледаме секој ден, но и кога нема да се слушнеме извесен период ние знаеме доста еден за друг.

Пријателството е како ѕвездите, и кога не ги гледаш едноставно знаеш дека се таму…

Врчак едноставно се повлече и од мене и од доста другари, пробувам да го исконтактирам но тешко иде конекцијата со него…

Мислам дека јас бев неуморливиот да го врати, но тоа е негов избор, јас искрено верувам веќе повеќе од една деценија дека ќе ни се врати со песни на кои ќе уживаме во неговите текстови, и ќе ни врати едно убаво чувство на сите нас.

Луѓето го сакаат и секојдневно се молат за неговата музика,Раде брате врати се…Ниедна песна нема да биде доволна добра или совршена,сепак убавината е во несовршеноста…“, рече Роберт.

На најавата за своето ново издание, естрадниот магазин „Бекстејџ“ не го споменува Врчак, но има доста негови слики кои се вртат во најавата и сигурно дека станува збор за интересен прилог.

Со оглед на тоа дека одамна не сме чуле ништо ново од Врчак, освен сликата која птетходно сме ја објавиле, нит знаеме каде и што прави сега, да се најдеваме дека дел од тајните на Врчак ќе се откријат токму тука.

Тамара во една поодамнешна емисија за „Жешко Столче“, проговори од што се срами и која грешка од минатото би ја поправила, да имаше волшебно стапче:

-Фризурата на Евровизија 2008. Тоа беше една таква тешка катастрофа од фризура. После тоа излезе на наши медиуми, македонски, дека личев на сицилијанска вдовица.

Имав еден црн фустан, кој беше одличен, стварно беше добар, ама таа фризура тотално не се уклопи во тој стајлинг. И бојата и формата и сѐ останато, што ете тоа мислам би го сменила, рече Тамара.

За потсетување, еве како изгледаше таа на Евровизијата во 2008 година.

Previous articleИрена се стегна во специјални хулахопки и кажа каков проблем има: Многу ме болат нозете (ФОТО)
Next articleЕве во каква куќа пораснала познатата згодна пејачка, цел Балкан ги слуша нејзините песни и ја сакаат дека е скромна (ФОТО)