Home Live Еве зошто Ацо Пејовиќ ги фрли сите во тpaнc на настапот во...

Еве зошто Ацо Пејовиќ ги фрли сите во тpaнc на настапот во Скопје, ова е моментот што сите ќе го раскажуваат (ВИДЕО)

Српскиот популарен поп-фолк пејач Ацо Пејовиќ одржа концерт во Арената „Борис Трајковиски“ во Скопје во април оваа година, уривајќи рекорд- пред повеќе од 12.000 луѓе, фолкерот ја започна големата концертна турнеја закажана за оваа пролет.

Неполни три часа за време на концертот во Скопје, Пејовиќ цело време ја држел публиката „во транс“, додека таа пак, во хор ги пеела сите негови хитови“ објави Еспресо.мк

Уште на првите тактови од песната „Полноќ“, која Ацо ја отпеа за потребите на филмот „Тома“, пејачот бил пречекан со овации, кои не престанале до самиот крај на концертот.

Инаку, Пејовиќ испеал неколку песни од Тома Здравковиќ – песната „За Лилјана“ предизвикала „транс и солзи“ во публиката, а на глас се пеела и песната „Еве веќе е есен, а тебе те нема“.

– Многу се радувам на овој концерт. Сум настапувал многупати во Македонија, публиката е феноменална, дружбите кај вас се паметат долго.

Но, овој концерт посебно ме радува, бидејќи ќе се одржи во спортската сала каде настапувале многу големи имиња и од балканската, па и светската сцена.

Што се однесува до репертоарот, ќе пеам тоа што сака публиката, ќе пеам и мои песни, а се разбира, неизбежни се и песните од филмот „Тома“, ексклузивно изјави Пејовиќ за македонските медиуми на почетокот од оваа година.

Инаку, во јули оваа година, повеќе од 5000 публика на ракометно игралиште во Битола на концертот на еден од моментално најпопуларните поп – фолк пејачи.

Публика од различна возраст во еден глас ги пееше неговите хитови. На концертот доминираше женскиот пол, обожавателки чиј миленик е харизматичниот Ацо Пејовиќ, објави Битола њуз.

На концертот во Битола Ацо Пејовиќ многу професионално, достоинствено, со харизма на голем изеведувач се претстави пред повеќе илјадната публика.

Ацо Пејовиќ ја пренесе својата енергија и емоции до целата публика, но посебно внимание обрна кон женскиот дел и кон најмалите кои присуствувале на концертот.

Ацо Пејовиќ повеќе од 3 часа ги пееше своите хитови само кратко обраќајќи се кон публиката на многу спонтан начин. Започна со “За Лилјану“ балада од Тома Здравковиќ која маестрално ја изведува.

Зa потоа да се редат хитовите “Да си ту“, “Све ти дугујем“, “Сети ме се једног дана“, “Нема те нема“, “Опуштено“, “Неверна“, “Јелена“, “Литар крви“, “Спаваш ли“, “Нисам пао“. Големиот хит “Полноќ“ од филмот “Тома“ ја отпеал два пати во еден глас заедно со публиката.

А Ацо Пејовиќ, во саботата во Скопје, имал што се вели „фул“ настап, и цела сала „Борис Трајковски“ пеела со него. А на Инстаграм, тој објавил пост, каде што се гледа оваа атмосфера и напишал:

– Благодарам Скопје! Ви благодариме за преполната Арена Борис Трајковски по втор пат оваа година. Ве сакам“, напишал Пејовиќ и споделил едно видео, како тој ја пее песната „Македонско девојче“.

Тука јасно се гледа зошто тој ја фрлил целата публика во транс, и зошто токму овој момент ќе се раскажува и ќе се памети од неговиот втор концерт за оваа година во Скопје. Првиот инаку, се одржал на 9 април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACO PEJOVIC (@aco_pejovic)

Previous articleСамо овој господин од „Ѕвездите на Гранд“, може да ги собере македонските мисици на едно место, и тоа во Скопје: Еве кој ги спои Тања, Вера, Ана и Светлана
Next articleТимчо распали по Ведрана и Миро од „Голден карпет“- два апаурина иcпив од cpaм