Home Live Спенџарска го покажа дечкото, посреќна никогаш не била: Ова е нашиот прв...

Спенџарска го покажа дечкото, посреќна никогаш не била: Ова е нашиот прв Божиќ заедно (ФОТО)

Спенџарска на Инстаграм објави дека ќе се сели во нов стан и напиша дека почнува од нула, тоест дека има многу малку работи за почеток на нејзиниот нов живот во нов стан.

-Неколку дена останувам во Скопје за да се средам во новиот стан. Колку-толку де. Немам ништи друго освен кујната што ќе се монтира деновиве. Ништо друго!

И некако чувствувам и хаос и мир во исто време, знам дека морам да земам толку многу работи, а друга страна си викам, имам кујна, еден душек за почеток, па полека едно по едно, сѐ ќе си купам.

Неодамна, Јелена сподели нејзина приказна која всушност е лекција за сите останати за животот. Базирано на тоа што таа го направила, ова го напиша таа:

,,Толку многу работи се случуваат моментално во мојот живот и сега кога ќе си го вратам времето назад и ќе ги спојам сите точки -СЀ е толку очигледно и кристално јасно, но немаме трпение !

НЕМАМЕ… и токму од тука почнуваат сите наши проблеми во главата.

-Зошто не ме сака/ме излажа/ме изневери ?

-Зошто не сум среќна на работа?

-Зошто јас не сум на нејзино/негово место?

-Зошто немам повеќе пари ?

-Зошто не сум поубава/повисока,послаба ?

Сите, апсолутно СИТЕ понекогаш губиме време на погрешни личности од пуста желба тие да се вистинските!

Длабоко во себе знаеш дека тоа НЕ е тоа ама сепак свесно одлучуваш да маваш глава во ѕид !

Ако мислиш дека само тебе ти се случувале вакви работи од кои се чувствуваш лошо, NO girl, I’ve been there too…. и повеќето од луѓето кои ги познавам.

Секогаш си на вистинското место во вистинско време! Само што уште не си свесна во тој момент дека некои работи мора да се случат за да те однесат на поубаво место и дека животот за тебе има подобар план.

Моментот кога решив дека нема да се врзам за ништо и ќе пуштам сѐ нека тече, што сака нека биде – ми се случи остварување на многу мои соништа.

Just like that, bOOm! Дури уште не ми се верува колку било лесно ! Мислев којзнае уште какви не техники треба да применам, а всушност требало само да пуштам ….

И ТИ го можеш истото! Само ‘излези’ од твојата глава и престани да се сомневаш во себе! And let the magic happen!”

Таа во една прилика проговори како би сакала да изгледа нејзината свадба, што може набрзо да ѝ се оствари:

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска. На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде.“

Водителката секогаш е позната по нејзината голема позитивна енергија и позитивност која ја шири каде и да се појави. Разиграна, средена и секогаш со убави мисли, таа е вистинкски пример за една жена.

Има и денови кога не е сѐ така сјајно, а сега Јелена ,,распали” на социјалните мрежи бидејќи беше исфрустрирана од постапката на една девојка која ја навредувала во минатото.

,,Имено, пред 2 години, Јелена објавила: ,,Девојка, која јавно ме има плукано по социјалните мрежи, а лично не се познаваме, си започнала онлајн бизнис и сега ме бара за промоција и поддршка.

Во оваа вонредна ситуација на сите ни треба помош за егзистенција, па ми пиша да ја споделам, ако не е проблем. Бај д веј, Таа не знае дека знам за неа (По ова ова стори мислам дека ќе сфати)

Ок. Не е никаков проблем. Не сум ги заборавила нејзнините зборови, но сум ѝ простила. Одамна! Ќе ѝ помогнам. И дај Боже да ѝ тргне.

И се надевам ќе сфати дека исмејувањето на некој друг и јавното понижување за собирање лајкови и коментари е чин кој само покажува каков човек си ТИ.

Долго време се пишуваше за дечкото на нашата водителка и колку е таа среќна. Тие двајца постојано го поминуваат времето на релација Скопје-Солун, што најверојатно дечкото на Јелена е од таму или само таму живее.

Јелена денеска изјави дека ова е прв Божиќ што го прославуваат заедно, а под елката во станот во Солун ја чекаа многу подароци кои ги отвораа заедно со партнерот.

Слики од нив двајца, шал од Поло, меки влечки за по дома итн. се само дел од подароците кои Јелена ги доби од партнерот.

На овој убав ден, Јелена објави слика со партнерот, седнати покрај елката, во домашно и комотно издание. Ова е првпат таа да го покаже партнерот во јавноста.

Previous articleЦеца „скокна“ во одбрана на Анастасија и Немања: Не е вистина дека ни ја одбија поканата за Св. Никола
Next articleПејачката од „Гранд“ прозборе со што се соочувала: Јас бев болна, а добивав погрдни коментари