Home Live Тијана проговори дали би простила неверство и зошто не се плаши дека...

Тијана проговори дали би простила неверство и зошто не се плаши дека Милан ќе го направи тоа: Има сѐ, нема потреба

Имам обичај да кажам дека имам два дома. Во Белград живеам 21, скоро 22 години, имам таму дом, имам фамилија, имам прекрасно дете, прекрасен сопруг, а овде израснав.

Овде живеав до некоја 25-та година. И таму сум на своето и овде сум на своето. Таму каде што се моите луѓе, таму сум на своето, изјави Тијана во една прилика.

Таа се осврна и на врската со нејзината сестра и колешка Тамара Тодевскa.

Се расправаме за музика, таа вели дека сум замрзната во времето и дека сум баба – додава пејачката.

Во една прилика таа рече дека кога таа и Тамара нема да се согласат околу нешто, Тамара ја трга од сите социјални мрежи, и кога ќе се смират, повторно ја враќа.

Тогаш открила како функционира нејзиниот однос со синот Вук.

Треба да ја знаете границата. Родителите не можат да бидат партнери со децата. Можеме да бидеме партнери, но не до тој степен. Тој мора да биде одговорен за своите постапки.

Тој секогаш ја има мојата поддршка и сета љубов на овој свет. Зборуваме за сѐ што е важна ставка. Немаме тепих во куќата за да туркаме проблеми под него – вели Тијана.

Таа во една прилика зборуваше за својот сопруг, Милан. „Милан е финансиски директор во нашата компанија, во нашата куќа. Тој ја работи својата работа долги години и ние живееме од тоа.

А тоа што го правам е исклучиво радост за мене и мал џепарлак да имам за кожна јакна, чизми, чанта, да одам во Париз со моите пријатели. Факт е дека сè уште имам дуп-ки во моите џебови “, рече Тијана.

Кога медиумите пишуваа за наводниот развод помеѓу Тијана и Милан, таа многу се нервирала, но во една прилика, после толку време, вели дека ѝ е смешно.

-Од оваа дистанца, сега ми е смешно, а тогаш многу се нервирав. Тогаш ми беше многу страшно, затоа што буквално ми кампуваа пред зграда, папараци. А, ништо од тоа не се случи.

Ужасно бев лута на тие извесни таблоиди со кои што имам добар однос. Бев бес на, а сега си викам, кај ти беше паметот, што се нервираш.

-Maж ми е земјоделец, имаме ореви посадено во Сомбор и од тоа живееме. Мислам, тој си има и други бизниси, се бави и со градежништво, така што да живеев од пеење, досега немаше да си купам ни маиче.

Дали јавниот живот ѝ ја нарушува приватноста на пејачката, таа рече:

-Не ми ја нарушува затоа што не дозволувам многу на медиумите да влезат и да ми влијаат. Знам до каде ми е чергата и не може медиумите да влезат.

Сите живееме на Инстаграм, сведоци сме. Сакам да си го сликам детето, од скоро детето не сака да се слика и си има свој Инстаграм и вика:

„Ај, молим те, немој више да ме сликаш и да ме ставаш на твојот Инстаграм“, така што го почитувам тоа. Медиумите ја почитуваат мојата приватност, со сите сум во добри односи, фала му на Бога. Од тие причини, знам до каде можат да влезат во мојот живот.

Дали би простила неверство после долгодишен брак од повеќе од 20 години, Тијана рече:

-Од оваа дистанца, би простила, зошто е христијански да се прости. Би простила ама не би заборавила. Јас сум слон, за сѐ, ништо не заборавам, сѐ памтам.

Христијански е да се простува, така што би простила, од оваа дистанца. Да ме прашаше ова пред 10 години, друг ќе беше одговорот.

Со Милан сме заедно веќе 22 години, интересна работа, како некој да ми уд рил шамар и да сум се свртела 360 степени, како вчера да се запознавме, како да почнавме да живееме заедно, ние почнавме одма да живееме заедно.

Милан е едно исклучително суштество. Цврсто стои на своите нозе. Стамен е, поштен човек, добар човек. Мојот ветар во грб. И да направи нешто такво, нека е жив и здрав, тоа е.

Му верувам, мислам не верувам дека има потреба од тоа, има сѐ што му треба, изјави Тијана во емисијата Жешко Столче.

Previous articleКалиопи почека еден ден, а потоа на овој најемотивен начин се прости од Масимо
Next articleЦеца „скокна“ во одбрана на Анастасија и Немања: Не е вистина дека ни ја одбија поканата за Св. Никола