Home Live Дарко Мијалковски во Австралија, го направи ова во чест на татко му,...

Дарко Мијалковски во Австралија, го направи ова во чест на татко му, големиот пејач Драган (ВИДЕО)

Нашата музичка легенда, Драган Мијалковски, бил најпопуларен во 1970-тите и 1980-тите. Со леснотија пеел поп и нова македонска народна музика.

По завршувањето на Техничкото училиште во родното Скопје и неуспешен обид да студира на Високата техничка школа во Битола, во 1969 година, на аудиција Бараме млади таленти, си ја пробал среќата и следниот ден ја направил првата снимка во радио станицата.

Тогаш почнале вистинските снимања и подготовки на нови музички материјали. Набрзо, на деветнаесет години, се оженил со сопругата Ели и добил две деца.

За доајенот на нашата популарна музика, Драган Мијалковски досега непозната сторија објави Драги Змијанац, кој е основачот на првата Детска амбасада во светот, Меѓаши. Во ова интервју кое го правела новинарката Валентина Ѓорѓиевска, Мијалковски откри приказна за него што малкумина ја знаат.

-Млад се оженив, немав ни 20 години, а мојата сопруга Ели 19, и не се работеше за зрелост, многу повеќе за храброст од двајцата нас.

Немавме ништо повеќе од две чинии. Но, јас имав една среќна околност − повторно за хуманоста и за далекугледост се работи.

Додека сум бил мал, дедо ми успеал да издејствува алиментација од татко ми и кога се оженив млад, ми ги даде парите.

Тој ги чувал, не ги трошел, толку бил хуман, толку бил добар, што пари наменети за мојата грижа, замислете, ги ставал настрана за кога ќе притребаат за мене.

Не помина една година, со тие пари и купивме малечко еднособно станче, потоа се роди и Дарко, па го продадовме малиот стан и на улица „Македонија“ купивме трособен стан и сè уште сме таму. Тоа е силата на семејството во таа смисла и грижата кон децата.

Не дека немав родители, но тие беа разведени, па не можеа да ме чуваат. Мајка ми се вратила во Скопје во 1952 година, а татко ми останал во Хрватска на служба, а судот ме доделил нему, кога сум имал две години.

И тогаш тој ме дал во еден дом за деца без родители во Загреб, дом што го посетувала и Мајка Тереза. Подоцна, кога се отвори музејот, а и дојдов до некои монографии, прочитав дека навистина сум бил таму.

А, дома имам една дописна картичка од милосрдните сестри кои мајка ми ги прашува за мене, а тие и одговараат на хрватски јазик: „Вашиот син Драган повеќе не е кај нас, Министерството за здравство на Хрватска го даде на посвојување во едно семејство“, изјавил Драган.

Како што е познато негов син е Дарко Михајловски е наш познат музичар, шоумен, водител, продуцент, менаџер, пијанист, композитор.

Тој го основал и долги години го организирал познатиот фестивал за деца „Супер ѕвезда“. Мијалковски на времето беше и директор на фестивалот Макфест, во 2014 година.

Мијалковски, откако престана да го работи фестивалот Супр ѕвезда се повлече од јавноста. Тој е инаку оженет со д-р Марија Мијалковска и има две деца. На крајот од минатата година, тој на Фејсбук објавил дека со семејството се сели во Австралија, поточно во Бризбејн.

Од таму, Мијалковки објавува семејни слики, но не е познато со што се занимава. Кога пристигнале во Австралија, неговата сопрруга објавила видео во кое покажува како вежбаат, во хотелски карантин кој тогаш беше задолжителен, тоест како ја одржуваат својата форма на хотелската тераса.

Од Дарко, слика објавија Татјана Лазаревска и Новица Василевски, кои долги години живеат во Австралија и изминативе денови се дружеле со нашиот познат музичар.

„Прекрасна средба со прелрасен човек и уметник, Дарко Мијалковски. П.С. Скопска шема, напишала Татјана Лазаревска до сликата.

Во септември оваа година, Татјана Лазаревска и Новица Василевски со синовите Стефан и Петар, одмараа во едно од најпопуларните туристички места во Австралија, „Gold Coast“, поточно „Surfers Paradise“.

Лазаревска и Василевски од 2015 година живеат во Мелбурн, и решиле да се одморат од зимата за која фолк-пејачката вели дека била здодевна во местото каде што живеат.

– Овде ни е многу убаво. Одмараме, пливаме, шетаме, се дружиме со пријатели што живеат овде како на пример Јове Жабарот и Дарко Мијалковски кои живеат во Бризбејн, кој е на еден час возење од тука“, раскажала Татјана за Женски магазин.

Има прекрасен поглед од апартманот кој е на 18 кат. Инаку, зградава има 41 кат“, додава фолк пејачката.

Татјана, Новица и синовите биле во Бризбејн, каде што заедно со познатиот музичар Дарко Мијалковски кој со семејството живее во Австралија, го прославиле роденденот на пријателот Јове Жабар, познат скопски угостител, стои во текстот.

И токму снимка каде што е Дарко и некое весело друштво, објавила Татјана Лазаревска од Австралија, каде што сега е лето, па целто друштво е во едно такво, опуштено издание.

И облечени во бемуди, маички, така весели и опуштени, на гитара, Драко и ова друштво прават журка, и во чест на таткото на Дарко, Драган Мијалковски, нашиот голем пејач, ја пеат неговата песна.

Станува збор за еден од најпознатите евергрини: 223-305, песна која на времето ја пеел Драган, и сега доста луѓе ја пеат, што професионални музичари, што луѓе кои сакаат музика.

Previous articleПрофесорката Татјана точно објасни- Инфлуенсери во зрели години, позираат ,,спонтано” во брендирана гардероба, јас си ги имам моите „стогодишњаци“
Next articleЈецо мори, ти знаеш ли каде живееш мори сестро- Зоки Фаци искрено ѝ се обрати на Спенџарска…