-Струмица е мало градче, личи на Лондон, во него има триста чуда, па и ловен дом“, ова го кажаа Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ кога гостуваат во емисијата „Мастраф муабет“. Таму раскажаа и многу досега нечуени нивни приказни, и за тоа како се имаат запознаено.
Ова била стара струмичка песна, и Ленче рече- тоа значи дека супер ќе се осеќате во Струмица, и ја прошетаа новинарката низ струмичкиот парк.
Потоа, ги прашаа дали на тоа романтично место, во паркот крај езерото се имаат запознаено. И Горан кажа:
-Во Струмица на улица, малку понагоре, ама тука. На струмичкото корзо. Па, мислам дека јас прв ја забележав“, рече Горан, а на ова Ленче одговори: Јас. И јас сум фрлила око, и он фрлил, и хоп- нашле се.
И љубов, и ете, денес сме заедно“, рече Ленче, а потоа заклучија дека се заедно 30 години и за нив немало трачеви и ска-ндали, и го открија рецептот за нивниот успешен брак.
-Јас секогаш викам дека љубовта е она првото. Ако има во сите сфери значи, ако во сите работи се прават со љубов, тогаш има и успех. Па дури и во бракот, ако има љубов, ако има разбирање, има се.
Тоа е единствениот збор кој го одржува бракот, па дури и разните работи за било што. И, ако пееш- пееш со љубов. Се осеќа тоа“, рече Ленче, а Горан потоа ја дополни:
-Секогаш мора да има баланс. Некогаш од моја страна, некогаш од на Ленче страната, бидејќи два остри камена не мелат брашно што велат старите. И ако не попуштаме, некој пат она ми попушта, некој пат јас ќе ѝ попуштам, и тоа а фактички формулата за опстанок.
1:1 рече Горан, а потоа Ленче додаде: Толку сме посакувани од нашиот народ од Струмица и околината, и сме имале прилики да одиме кај сакаме. Ама сепак, се враќаме дома.
Еве, во последно време, се случи тоа да земеме куќа во Босилово. Општина Босилово, тука е на 7-8 километри од Струмица. Ги посакуваме и руралните средини“, рече Ленче.
-Добро, секогаш сме со народ, бидејќи работата ни е таква. И после работа, сакаме мир и тишина малку, малку релакс што велиме. И ете, испадна таква прилика и се одлучивме на таков чекор“, кажа Горан.
-А, и сакаме да кажеме дека и помалите места, покрај урбаната Струмица се убави за живеење“, кажа Ленче, а потоа новинарката им рече: На времето се зборуваше дека Горан ја прелажа Ленче, ама излезе дека Ленче го прелажа Горан и си го однесе сега во Босилово.
-Не беше така, еве нека каже Горан“, рече Ленче, а потоа горан Кукиќ ја раскажа целата приказна за нивното заминување во Босилово. “Имавме гласање. Јас и Иван бевме за, Ленче беше против.
Не, да остане во градот. А, што ќе ни фали ако одиме на село? Не беше стриктно одредено на село. Ние гледавме и Добрејци, и Градско Балдовци, значи тука да биде во околината на градот.
Ама, да ни е малку помирно. Да сме тука, кога сакаме малку мир и тишина. Ама, она беше против. И, кога јас и Иван одлуливме, немаше избор. И значи, кога го средивме стамбениот простор, таа вели:
Признавам. Бато, така ме вика она мене. Бато, јас се осеќам како да сум на гости“, раскажаа Ленче и Горан во емисија. Нивнот син Иван како што е познато свири бас гитара, и настапува задно со Влатко Стефановски и неговиот син Јан.
Инаку, целата емисијата каде пшто Горан и Ленче шетаат низ струмица и раскажуваат приказни од својот живот, можете да ја погледнете ТУКА.