Home Live Јецо мори, ти знаеш ли каде живееш мори сестро- Зоки Фаци искрено...

Јецо мори, ти знаеш ли каде живееш мори сестро- Зоки Фаци искрено ѝ се обрати на Спенџарска…

Водителот Зоран Васливески кој е познат како Зоки Фаци, се налути зошто на Инстаграм не му ставаат лајкови, па на оние кои го следат а не го лакјкуваат на Инста стори ги нарече „Клоша-ри провидни“. Зоки тоа на овој начин го објасни:

– Кло-шари провидни. А тоа иде вака: Зоки, шо правиш? Абе, да не имаш илјадарче до први? Јас: Срцка, зашто ме игнорираш на Инста? И одма имаш 30 лајка…“, напиша Зоки.

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

-Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата.

Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.“, рече тој.

Фаци минатата година само што ја напушти нашата држава, туку го напушти и континентот и замина далеку, во арапскиот свет. Имено тој уживаше во Обединетите Арапски Емирати каде што ужива во убавините на Дубаи.

Ниту ситуацијата со вирусот во тоа време не го спречи Зоки Фаци да замине преку границите. Тој на својот профил на Инстаграм секојдневно објавува во каква убавина ужива.

Откако ги спакува куферите и тоа во поголем број и ја напушти Македонија, па со лет од Софија замина во арапскиот свет едноставно го споделува секој момент од престојот во Дубаи.

Зоки Фаци на Инстаграм постојано објавуваше што прави, фотографии и видеа од плажа, од хотелска соба, од шопинг, од ресторани, како шета.

Нормално, тој со своите објави предизвика големо внимание, па има многу реакции од своите фанови и пријатели.

Сега, тој објави едно необично стпри, тоест видео во кое ја брани неговата колешка Јелена Спенџарска, откако ја напаѓаат на Фејсбук и тој ја означи во оваа стори и рече:

Иначе, ја гледам како се нервира дека ѝ прават бу-линг на текстовите кои ги пишуваат на Фејсбук а нејзе. Јецо мори, ти знаеш ли каде живееш мори сестро? Овдека, се ќе ти простат, само успехот нема да ти го простат.

Затоа, нека ти биде џепчето пуно, твоите да се здрави и живи, да си имаш ро-кач со себе да се изр-окаш ко маг-арица, и народно кажано да те боли што пишуват лузерите.

Тие не искочиле од Крива Паланка надаље, па ти очекуваш да се восхитуваат на делото и ликот на Јелена Спенџарска.

Кој ги…, сестро, you are а superstar!“, рече Зоран Василевски.

Previous articleДарко Мијалковски во Австралија, го направи ова во чест на татко му, големиот пејач Драган (ВИДЕО)
Next articleНека ти свират ангелите нежни ноти- Маја Оџаклиевска сподели прееомотивни зборови