Home Live Ламбе пуштил коса и се средил топ за да се слика покрај...

Ламбе пуштил коса и се средил топ за да се слика покрај оваа згодна пејачка (ФОТО)

Пред извесно време од порталот „bitolanews.mk“ разговарале со Ламбе и правеле фотосесија, а група тинејџери го препознавале и се фотографирале со него.

– Кога се вратив од Америка мислев дека ќе бидам анонимен, дека ме заборавиле, искрено вели Ламбе.

Има голем интерес за мои настапи, на кои сѐ уште ја има онаа еуфорија, пеат сите, ги знаат од збор со збор сите мои хитови.

Мислев дека ме заборавиле, ми изгледаше долг период од 7 години колку не бев тука.

Овие девојчиња тогаш имаа 8,9 години. Во туѓа земја можеш да имаш сѐ, но душата е празна, да живееш во своја земја и да фали нешто, душата е полна.

Тоа е тажната приказна на сите оние кои заминуваат од својата земја.

Овде сум свој на своето, се чувствувам како и да не сум заминал. Тоа е мое мислење и така се чувствувам.

Еве продолжив со настапи низ локали, дискотеки како и да немало прекин. Со групата “Марифет“ настапуваме во Битола и имаме закажани настапи низ цела Македонија.

-Пораснав во Љубојно, за мене најубавото село во Преспа, опкружено со прекрасна природа и со богато културно уметничко наследство. Потекнувам од музичко семејство.

Моите дедо и баба Ламбро и Менка Алабаковски беа оние кои ги започнаа „Илинденските иселенички средби“ во Љубојно Преспа пред 70 години.

Настапуваа таму, но и во Битола на Илинденски денови, имаа нстапи во Белград со традиционалната македонска музика.

Ја негуваа нашата стара традиција на македонска музика цели 50 години. Мојот татко Лазар Алабаковски исто така животот го посвети на музиката.

Неколку години настапуваше во хорот на операта при МОБ. После 8 години се враќа во Битола и работи какао наставник по музичко образование, од каде и заминува во пензија.

-Растев со музика и пројавив интерес и желба некаде на 6 години. Најпрво со настапи на патронати во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно каде учев основно образование.

Ламбе и Магдалена се во брак девет години, а овој податок го објави тој на неговиот Фејсбук профил. Со слика од нивната венчавка во манастирот Јован Бигорски, Ламбе Ламбе ѝ упати порака на своката сакна сопруга.

-9 години, продолжуваме“, напиша тој и доби доста честитки од пријателите за годишнината. Свадбата на Ламбе била во август, но тој сликата од неа ја објавил во септември во 2013 година.

Ламбе во една прилика за својата сопруга рече:

-Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден, а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. Препреки секогаш има но треба да се поминат и да се надминат заедно.

Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално, ретко излегуваме, но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели, а најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби.

Често знаеме да запееме и да засвириме исто така. Музиката е во мене таа не може да ми фали, но естрадата и сцената публиката се незаменливи и ми фалат, но не дека жалам или слично.

Едноставно, сè во свое време и природно се случило па така сега поголем приоритет ми е семејството.

За сето друго има време имам желба и љубов и здравје Боже ќе направиме и нови проекти песни па можеби и концерти, би сакал да ја видам публиката која е сигурно порасната и позрела како мене“, рече Ламбе.

Ламбе за Нова година ќе може да го гледаме на Канал 5, каде што ќе пее со неговата колешка Бојана Скендеровски и колегата Огнен Здравковски.

Бојана објави слика со Ламбе и Огнен, а по тоа што Ламбе цело време има настапи може да се претпостави дека му годи Македонија и тоа што се врати на старото.

На сликата може да се забележи дека Ламбе пуштил коса, додека се сликал покрај згодната Бојана, со која сигурно ќе направат прослава за паметење, заедно со Огнен.

Previous articleЛила им појасни на сите чиј лик се гледа во Сител, таа е многу повеќе од водителка (ФОТО)
Next articleЕве како Дарио Прпиќ дознал дека Анѓелка и Марко чекаат дете, па за нивната свадба рече дека му го „подарува“ презимето на Марко