Home Live Лила им појасни на сите чиј лик се гледа во Сител, таа...

Лила им појасни на сите чиј лик се гледа во Сител, таа е многу повеќе од водителка (ФОТО)

Познато е дека патувањата ѝ се голема стратс на Лила, а таа во една прилика беше во еден од најубавите европски градови, Прага и од таму објави убави слики и ја опиша чешката престолнина на овој начин:

-Прага е прогласен за најубав град на светот. Многу често ми беше во топ три омилени градови а ова е доказ дека е омилен и на многумина кои што го посетиле.

Бев еднаш и време е да ја испланирам мојата повторна посета на овој град сместен на реката Витава, во срцето на Европа наречен уште “град на стотина куполи”.

Тој е преплавен со разнобојни барокни згради, поврзано со Карловиот мост… Кој бил знае за што зборувсм а кој не топло го препорачувам…па ако се сретнеме таму ќе одиме на традиционалниот десерт Трделник …едвај чекам“, рече Лила.

-Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално.

Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен, изјави Лила за Хибрид.мк.

– На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така.

На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, рече таа за Хибрид.

Лила во една прилика објави ептен фенси слика, на која е облечена само во дуксер, и тоа со Мини Маус. Сликана навечер на скопските улици, водителката на квизот „Сѐ или нешто“ напиша: Можеби ќе можеме да уживаме во животот, вечерва.

Лила објавила слика од одмор, а таа е инаку често на плажа во летниот период. Овој пат, сликана е со своите другарки, а меѓу нив е водителката Јована Стојменовиќ.

На сликата, која од која е поубава, и Лила и Јована и другарките изгледаат топ, секоја чест!

Во една прилика, Лила откри како и успеава да изгледа толку добро. „Умерено јадам, јадам колку што сум гладна, и не морам јадам сѐ што ќе видам. Јадам сѐ, ама во помали количини, никогаш цела порција“.

Кога е во прашање приватноста, нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска секогаш пред обожавателите и следбеници споделува повеќе детали од својот живот, освен кога е љубовта во прашање, па е повеќе резервирана, како што вели за да има повеќе среќа.

За оние што не знаеја, Лила е родена во Гетеборг и таму живеела се до 12 години, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си.

Но, животот на Лила изгледа дека не секогаш е гламур и сјај. Таа објави еден убав емотивен спомен, сика од стара куќа во скопското село Бунарџик, каде што според коментарите на своите пријатели, таа има порано живеено.

Еден коментар дури вели: Милион пати слушнав приказна дека сте живееле во Бунарџик. Но, никогаш не поверував“. Лила својот спомен од детството го зачини со убава поезија, а тоа е „Везилка“ од Блаже Конески која ја цитираше:

И најмил спомен што в душа ми блеска, се гаси од нив ко цвеќе без боја.

Но ти што ловиш звук на чудна песна ти си ја кажа судбината своја.

Лила на својот Инстаграм профил на стори објави фотографија како се дотерала за новата емисија. Она што може да се види е дека водителката избрала шарен стајлинг, што ѝ стои многу интересно.

На следното стори, Лила имаше објавено како изгледа Сител, односно го сликаше ѕидот на кој беа урамени дури 5 слики од Лила, што значи дека таа им е закон во Сител.

Previous articleПразничен раскош во замокот од 50 милиони евра, Драгана Мирковиќ конечно покажа каде живее со Тони (ФОТО)
Next articleЛамбе пуштил коса и се средил топ за да се слика покрај оваа згодна пејачка (ФОТО)