Home Live Маријана објави фотка од плажа од Австралија, и раскажа како си играат...

Маријана објави фотка од плажа од Австралија, и раскажа како си играат мајтап со неа (ФОТО)

Маријана Новачевска, дамата која професионалнп долго не пее, но оставила белег кај народо, повеќе од 30 години живее во Австралија. Маријана како што е познато е сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска.

Во Мелбурн, исто така живееше и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана, и за голема жал се упокои на почетокот од оваа година.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателка, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријана во една шрилилка објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа.

Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана кога испеа придружни вокали за ненјзината песна „Спомени“.

Маријана пред крајот на минатата година, зборуваше за своето секојдневие пред Нова година, за време на пандемијата, во едно интервју во Женски магазин.

– Причината за тоа е што не можам да си прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија е добро позната. А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочувавме.

Пoсветена сум на моите деца, кои не се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик.

Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – откри Маријана.

Чувството да помогнам некому кога му е најпотребно, комплетно ме исполнува. Сега почнавме да се запознаваме со внуката. Поради пандемијата со вирусот, за жал не бевме во можност да се дружиме.

На Велигден токму во 2020 година, Маријана стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на упкоенот Тоде Новачевски кој успеа да ѝ се израдува на внуката.

Маријана имаа и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот. „Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост.

Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе. Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка.

Кога малата Ева напполни една година. Маријана со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата мила внука и објави среќни семејни фотографии на кои се гледа колку семејството ужива заедно.

На внуката таа ѝ посака среќен роденден со оригинална честитка: Среќен роденден локумче, душичке, срцуленце наше, наше се. Да си жива и здрава, среќна и весела.

Маријана се пофали дека отишла на плажа, и тоа рано наутро, и објави своја слика оттатму, а на релаксација заминала со децата, па раскажа како си поминува на интересен начин:

-Кога ќе те носат децата на плажа рано на сабајле, а тебе ти е ладно, па си играат мајтап со нане“, напиша Маријана и објави и слики од својата внука Ева.

Previous articleНека ти свират ангелите нежни ноти- Маја Оџаклиевска сподели прееомотивни зборови
Next articleМу седна на Новица во скутот и уживаа раскомотени во џакузи- Татјана Лазаревска и сопругот како да се на меден месец пак (ФОТО)