Home Live Му седна на Новица во скутот и уживаа раскомотени во џакузи- Татјана...

Му седна на Новица во скутот и уживаа раскомотени во џакузи- Татјана Лазаревска и сопругот како да се на меден месец пак (ФОТО)

На јавноста ѝ е познато, дека долги години, поточно од празникот Водици во 2015 година, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн, во Австралија.

Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.

Сега, откако мерките во Австралија попуштија, и таа и Новица, како и сите нивни колеги, им се радуваат на повторното враќање на настапите.

Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа. Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна, а Татјана често објавува лајф видеа како настапува.

Кога нејзиниот драг Новица, минатата година прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.

Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана. Меѓу гостите беше и Маријана Новачевска.

Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.

Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.

Татјана и Новица сега се на одмор со синовите, ама користат и време да си посветат еден на друг, а се на одмор во Gold Coast, кое е познато летувалиште во Австралија. И претходно тие беа на ова место и раскажаа како си поминуваат:

Овде ни е многу убаво. Одмараме, пливаме, шетаме, се дружиме со пријатели што живеат овде како на пример Јове Жабарот и Дарко Мијалковски кои живеат во Бризбејн, кој е на еден час возење од тука“, раскажа Татјана во Женски магазин.

– Зимите во Мелбурн знаат да бидат многу ладни, со сув студ… Во близината има и места со снег, така да многу е слично како кај нас, додека пак овде е многу потопло и во зима.

Да речеме сега сме во пролетен период и температуриве овде се околу 20 до 25 степени. Доволно за пливање во океан“, раслкажа Татјана во септември кога беа таму.

А сега, на една од поновите слики, тие се сликнаа во џакузи, во опуштено издание, во костим за капење, а Татјана му е седната во скутот на Новица.

Нашите пејачи на Фесјбук објавуваат доста слики од својот живот во Австралија, ама ваква досега немало, волку романтична и опуштена.

Previous articleМаријана објави фотка од плажа од Австралија, и раскажа како си играат мајтап со неа (ФОТО)
Next articleМислам дека другар ми не ја заслужува кумашинката – требаше да биде моја жена, како само си одговараме