– Сѐ што треба да земеме со нас за наредната година е љубовта. Треба повторно да ,,уплатиме” љубовен депозит, да ги живееме во љубов наредните 365 денови. Љубовта е најнеопходниот багаж, куферот во кој си собрал сѐ што ти треба.
Каде и да го отвориш таму создаваш, креираш нови мали животни вредности. Што и да правиш без љубов – попусто си се пуштил во авантура. И авантурата без љубов е обична патетика, празна реторика.
Љубовта на сите ни е згодна и неопходна. Можеш секаде да ја носиш со себе, никој да не види дека ја поседуваш за да те казнат или наградат, па и да ти ја одземат“,
вели професорката по македонски јазик, познатата Татјана Алексиќ во својата нова колумна за covekotpredse.mk.
– Не ни требаат петки, десетки, магистерски и докторски… Ни требаат школувани срца! Школувано срце не умее да мрази, омаловажува и уништува…
Емоционалната писменост е приоритетна писменост“, објасни оваа убава и впечатлива дама во свој Фејсбук статус.
-Под итно да се вратат образовните програми и учебниците од СФРЈ, со сѐ глупата статистика ,,колку млеко даваат кравите во Швајцарија”- од такви глупости барем вежбавме меморија, сега еден телефонски број не може да запаметат!
Учебникот е света книга!“, појасни на Фесјвук професорката која се занимава и со медиумска работа и често е е цитирара ви медиумите, а инаку предвава во „Раде Јовчевски- Корчагин“.
Таа често апелира на квалитетно образование и читање литература, па тоа го направи и во еден од своите Фејсбук статуси кои се доста често едукативни.
-Учењето од УЧЕБНИК е мајчински добро. Во образовниот процес сѐ почесто се среќаваменедоволно проверени факти во учебниците, со неточни и недолични содржини кои ја искривуваат перцепцијата на читателот.
Згора на тоа, нивниот дефицит по одредени предмети ја зголемува проблематиката. Учебниците се производ на труд и знаење на учени луѓе, податливи се за учење кое е мајчински добро.
Учебникот е вид на културен споменик, без оглед на научниот стил ни дава естетско задоволство кое понатака низ животот рефлектира и во публицистички стилски обележја, но и во шармантни стилски раслојувања. УЧЕБНИЦИТЕ се мали библии… “
Во еден од своите понови статуси, професорката Алексиќ објасни: „Во последно време гледаме инфлуенсери во зрели години, како позираат ,,спонтано” по улици, во брендирана гардероба, средени од глава до петици…
Се објавуваат на инста, имаат милиони следбеници и добро им оди, нека се живи и здрави! Јас си ги имам моите ,,стогодишњаци”, не само што не се инфлуенсери туку среќа што немаат фб да видат дека ги објавувам – тешко мене!
Добар пар се, природни, со здрав ум и дух, му позираат на животот контра гравитација…
Не им треба брендирана гардероба и луксуз, облечени се во мудрост. Чичко ми денес полни 90 години!
Колку подолго ни живеат родителите – толку подолго сме нечии деца“, стои во описот на Татјана.