Home Live Ребека во друштво на Маја Поцевска, двете згодни, слично облечени, ама само...

Ребека во друштво на Маја Поцевска, двете згодни, слично облечени, ама само едната со истакнато деколте (ФОТО)

Ребека беше меѓу првите естрадни имиња што кон крајот на 90-те преку изгледот почна да руши табуа а притоа и да создава хитови“, напиша Фешнел во една прилика за нашата позната пејачка Ребека Јанковска- Ристески.

Искрено и смело ќе ви каже дека е горда на тоа што беше првата Македонка која на завабната сцена почна да покажува повеќе кожа на себе , преку раз-голени нозе, длабоки деколтеа, интересни фризури и провокативни стајлинзи.

Но, сепак и во тоа време таа пристапуваше со многу вкус кон визуелната естетика. Свесна дека освен гласот и песните, продава и изгледот, Ребека и денес можете да ја видите во некоја оригинална комбинација и совршен негуван изглед.

-Сега не ми е толку важна таа надворешна убавина, поважно ми е она што ќе го кажам да е на место, сите се менуваме, порано ми беше многу важен изгледот, беше на прво место а сега не е. За убавина најважно е да имаш негувана кожа, да не се појават предвреме брчки.

Досега направив многу трансформации на изгледот, менував фризури, боја на коса,вадев веѓи и буквално многу работи кои соодвествуваа со мојот карактер и мојата филозофија на живеење.

Многу сме различни,порано имавме некои заеднички нешта во облекувањето, сега сме сосема различни, меѓутоа високите потпетици ни се заедничка слабост.

Фала му на бога нема што да сокријам на моето тело, сразмерно сум градена, гледам да ги истакнам нозете, да облечам нешто комфорно за преку ден, за навечер може да биде и нешто постегнато, па да трпам за убавината“, рече таа за споредбата со сестра ѝ, Хелена.

Не ми е важно да купувам брендирана облека, зашто имам семејство и пред се ми е важно да заштедам некој денар за дома.

Кога си сам е поинаку, порано давав повеќе пари за себе, за гардероба, сега сакам да имам добра чанта, да имам добри чевли и за тоа знам да дадам многу пари, меѓутоа не патам од тоа, ако видам некое парче а не е многу скапо и не е брендирано, сигурно ќе го купам.

Роб на модата не сум. Мислам дека секогаш сум имала свој специфичен стил.

Дури во одредени моменти во животот и кариерата, можам да кажам дека сум ја диктирала модата и пред време сум ги носела многу работи, но тоа не е благодарение само на она што сум јас, туку и на тимот кој што работел со мене, креатори, стилисти кои ми помагале и ми давале совети“, рекла Ребека.

Потоа, ја прашале: твојата витка линија е момент на генетика или конкретни принципи за одржување на здраво и обликувано тело?

И генетика и принципи на одржавање, се во едно. Јас постам, половина година го правам тоа. Ако не се јаде леб, навистина се слабее, кај мене веднаш се забележуваат 3 килограми помалку.

Ребека објавила своја нова слика на Фејс, на која може да се забележи дека е во друштво на нашата поранешна водителка Маја Поцевска и на уште една пријателка, сликани во ресторан.

Да наздравиме за #FIXIE со најпрекрасната изумителка, Јасна Петков Стојановиќ, напишала до слоиката Ребека каде штоодлично изгледа, како и нејзините две пријателки.

Таа и Маја се слично облечени, и двете во црно, но без оглед што Маја често во истакнува своето деколте, овој пат, на умерен начин тоа го направила Ребека.

Previous articleМаленко: Охрид мој, сељаци и копита те навјасаа, пpчваpа те напраја
Next articleПразничен раскош во замокот од 50 милиони евра, Драгана Мирковиќ конечно покажа каде живее со Тони (ФОТО)