Home Live Тимчо распали по Ведрана и Миро од „Голден карпет“- два апаурина иcпив...

Тимчо распали по Ведрана и Миро од „Голден карпет“- два апаурина иcпив од cpaм

Миро Кацаров порано беше заштитно лице на „Бекстејџ“, и зад него се многу интервјуа, прилози, концерти кај нас и во странство.

На почетокот од 2021 година, Кацаров објави интересна вест која ги изненади неговите пријатели и фанови. Имено, тој веќе нема да биде дел од „Бекстејџ“, а во статсуот напиша детали за неговиот трансфер.

– Поминаа повеќе од 7 години взаемна соработка почит и разбирање. Преку стотици итервјуа со најголемите имиња од регионот, илјадници минути го водев најгледаниот естраден магазин, мењав партнерки, мењав телевизиски куќи, мењав студиа.

Три Златни бубамари уше толку пати бренд на годината.

Но, дојде време за промена, а кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа ондак ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата.

Backstage Macedonia ти благодарам за се што направи за мене и што ме трпеше сите овие години, се надевам дека довербата што ми ја дадовте ја оправдав и остаив траен белег. Мојот аганжман е до 15 март со вас на Телма.

Од Април моја нова телевизиска куќа ќе биде најгледаната во Македонија или Канал 5 Телевизија. Драги пријатели сакам да ве известам дека се гледаме со нова емисија во ново студио со нова екипа и во нов термин“, кажа Кацаров тогаш.

А потоа, најави дека со Ведрана Ѓорѓевиќ ќе ја водат емисијата „Голден карпет“, која се емитува речиси две години на Канал 5 телевизија и станува збор за вечерно шоу со разни гости.

Тимчо Апостолов, на чиј профил на Фејсбук пишува- некогашен новинар и уредник на ревијата „Екран“, има напишано статус кој е посветен на емисијата „Голден карпет“, а која ја водат Миро Кацаров и Ведрана кој се вика „ЗАД ВКУСОТ“.

Апстолов го коментира гостувањето на Кире Лазаров во оваа емисија и вели вака: „Обично не ги гледам македонските телевизии а уште помалку емисиите од типот Backstage.

Но вечерва, по информацијата дека на Канал 5 гостува Кире Лазаров , селекторот на македоснката ракометна репрезентација, неволно го вклучив каналот на кој (барем порано) се емитуваа само турски серии.

Натпревaрувачки емисии за неафирмирани пејачи, емисиите САМО КАВГИ И БУЧАВА од кои вистината одамна побегнала, македонски приказни – во кои една неубедлива поука се развлекува толку здодевно што побрзо ќе те фати офтика отколку крајот на поентата.

А, врв на сето тоа се утринските контактни емисии во кои речиси иста гарнитура на нестручни гледачи дискутира за стручни теми буџет, берза, нафта …

А, водителите како статуи гледаат во камерата, незаинтересирано го чекаат крајот на нивното зборување за триумфално, по дваесети пат да прозборат:

“Благодарам за јавувањето….А сега дали имаме нов гледач на линија….“ Па десетина години да го работиш ова и твоето постоење да го сведеш само на две фрази, навистина заслужува оскар на …….

Во емисијата “Голден карпет“ се вклучив кога на Лазаров му ги врзаа очите да шутира на кош. Двајцата водители, кои постојано вртеа некакви листови, што сугерира дека “тие имаат сценарио“, да ги прашам : Што сакале да постигнат со оваа рубрика:

1.Да го исмеат Лазаров ако не даде кош ?

2.Смеа, ако со врзани очи тој тресне на подот или во некој друг сценски реквизит?

3.Возбуда, дали ќе даде или не кош ?

Смеа немаше бидејќи Лазаров не тресна во некој реквизит а јас од возбуда дали ке даде кош или не, морав да испијам дури два апурина.

Вториот го испив од срам кога видов дека ,кога требаше водителот со врзани очи да шутира по втор пат,топкта која беше на подот, водителката наместо да ја земе и да му ја подаде на колегата, таа, завалена во фотељата,изигруваше звезда…..

Гостинот Лазаров, кога ја виде оваа непријана ситуацијата, стана од троседот, ја зема топката и му ја подаде на водителот. Мене резил ме изеде, а тие без срам и перде, ја продолжија емисијта, а јас побрзав да го замам далечинското.

Ај што тие се глупираат,уште поголем проблем е што на тоа ги тераат и гостите!Оправдувањата дека тоа го сака народот односно гледачите, не држат вода!“, е Фејсбук статусот кој го напишал Апсотолов.

Previous articleЕве зошто Ацо Пејовиќ ги фрли сите во тpaнc на настапот во Скопје, ова е моментот што сите ќе го раскажуваат (ВИДЕО)
Next articleГоран Кукиќ искрено кажа за што ја прелажал Ленче, заедно со синот Иван, и потоа признала дека биле во право