Home Live Веpа од Љубојна риба се направила- ептен ослабена се појави на настан...

Веpа од Љубојна риба се направила- ептен ослабена се појави на настан во кожни панталони, изгледа супер (ФОТО)

Вера Милошевска-Јосифовска уникатната пејачка од групата „Љубојна“ своето време го посветува на најблиските и тоа е, вели, време за сакање. Опкружена е со музика постојано.

Музиката е, разбирливо, главна тема на разговор во едно интервју за Слободен печат, нејзината музика, музиката на „Љубојна“, но и музиката која е умствена и духовна терапија особено во ваквите денови. И танцот.

-Секој звук и движење, самата вибрација од звукот е влегување во друг медиум и пренасочување на енергијата.

Тоа е почеток на душевна и умствена терапија. Има некоја голема тајна во тоа како звукот, музиката нè буди, нè придвижува, нè гали, нè возбудува, нè смирува, и е тотално вон наша контрола.

Нашата внатрешна енергија, нашата душа и производот на нашето битие, постојано се движи, се концентрира, се опушта, стежнува, се натрупува, но прави циклуси: мора да се потроши, за да се обнови.

Независно од физичкиот слободен простор, циклусот мора да се одвива. Всушност нам ни е поважен персоналниот слободен простор, а во тој простор ни се потребни музиката и танцот, повеќе од кога било!

Тоа не е само канализирање на нашиот вишок енергија. Тоа е најубавата душевна храна што човек може да си ја даде, затоа што има опит, има размена, осознавање, има чувствителност, радост, задоволство, меланхолија, возбуда, восхит, има моќност…

-Имав силна лична потреба да пеам. Музиката отсекогаш била дел од мене. Само што во еден момент станав свесна за тоа, дека таа е мојот двигател и дека преку пеење најприродно и најискрено се изразувам.

Стана моја најголема преокупација и најважна проблематика. Многу е интересно што човек, при првата средба и првата благодат што ја носи музиката – така и те мами (се смее, нз.) – има максимални очекувања!

Мислиш дека сé од одма ќе научиш и ќе умееш. Ова чувство, чинам никого не го одминало. Но колку што поголем пат изодуваш, сфаќаш уште колку многу пат имаш. Мојот најголем влог е што храбро решив да го слушам срцето и тоа нема престанато.

Се посветувам искрено и суштински, при тоа фидбекот е огромен“, рекла Вера која е инаку профеор во музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“.

А таа, во оива интервју за Слободен печат, зборувала и за Вања Лазарова.

-Тоа беше всушност едно пријателство заради музика. Таа просто нè оставаше да бидеме во нејзино друштво кога раскажуваше, месеше кифлички, ја галеше нејзината сијамска мачка која ѝ се качуваше на грбот, а таа така поднаведната ѝ зборуваше и ѝ пееше на шега.

Кога ни ги покажуваше нејзините генијални везови… Помнам еден цветен, се викаше „Селани и граѓани“. Фантастично! Кога пееше и најмалото прсте ѝ вибрираше. Тоа беше мојата тетка Вања, мојот македонски „вуду гуру“.

Од неа ги научив сите женски тајни на пеењето, состојбата на душата во пеењето. Тоа мораш сам да го разбереш, зашто таа тоа животно го сведочеше, не држеше лекции. Дружењето со неа беше најголемиот пример“.

– Ние создаваме популарна и современа македонска музика. Се повикуваме на музичката естетика од разни светски стилови, но во основа нашата музика лежи на сопствениот македонски бит.

Обработуваме и песни кои веќе постојат, со тоа и ја истражуваме музиката, ја оживуваме истата и ја нудиме на публиката како нешто што е восклик преку ноти на убавото, спој на старото и новото.

Преку тој спој и даваме нов пат на убавата македонска музика, а ние со тоа ги спојуваме младите и старите. Го оживуваме светското во македонската музика, бидејќи нашата цел не е само да ја обработиме музиката, туку преку нашата идеја сакаме да и го дадеме духот на современото, на новото време.

И како таква да и го пренесеме да публиката“, има изјавено Вера во едно интервју за kamenica.mk .

Објавена е нова слика од Вера од настан, а тоа е новогодишниот концерт на ансамблот „Танец“, а таму таа изгледа одлично.

Доста ослабена, во тесни кожни панталони, и со сандали на штикла, Вера вистинска „риба“ се направила што се вели- секоја чест!

Previous articleЈа штити сопругата далеку од очите на јавноста, Мартин Вучиќ се појави на настан со посебен повод, изгледа одлично, но Сања не е со него (ФОТО)
Next articleМаленко: Охрид мој, сељаци и копита те навјасаа, пpчваpа те напраја