Home Live Агнеса го покажа луксузниот дом во новогодишно издание, а има и голема...

Агнеса го покажа луксузниот дом во новогодишно издание, а има и голема причина за среќа (ФОТО)

Агнеса Органџиева, секогаш актуелна во јавноста, наша позната инфлуенсерка, мајка на две ќерки, Тифани и Вивиен од бракот со поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски. Таа во едно интервју за, Женски маагзин го кажа следново:

-Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.

Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин“.

Органџиева последните две години го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи.

Јавноста почна да зборува за неа во времето на ко роната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја навреди во статус на Фејсбук.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат.

Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, рече Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.

Со Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, разговарале во нејзиниот дом. Покажала каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека.

Со ќерката Тифани ни раскажаа и за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година.

За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, таа кажала во ова интервју.

Кристална торта на два спрата, гарланд од стотици балони во црна и сребрена боја, свеќи, многу подароци и цветни букети беа само дел деталите и подароците на роденденската прослава на Агнеса Органџиева, која се одржала на почетокот од овој месец.

За време на ска ндалот, во интервју за „Бекстејџ“, Агнеса изјави дека се омажила од љубов, а доколку било за пари како што некои си дозволија да зборуваат тој брак нема да траел цели 18 години.

Таа дополни дека споделувањето на приватниот живот околу одлуката за развод од страна на нејзиниот сопруг Роберт на социјалните мрежи било направено во бес.

Агнеса е сега многу среќна, а прилината е што нејзината ќерка Вивиен, која е на студии во Словенија си дошла дома. Таа се сликала со двете ќерки и напишала: Добредојде дома моја Вивиен.

А, на друго стори, таа покажала како изгледа нејзиниот луксузно уреден дом за празниците, и се заблагодарила на цвеќара која ѝ подарила цвеќе за Нова година кое се вклопило во нејзината новогодишна декорација.

Previous articleСпецијална објава на Анета и “Молика“- еве зошто Битола треба да се гордее со нив
Next articleСите познати пејачки плачат по синот на Марина Туцаковиќ, а на една ѝ се слоши на неговиот погреб