Home Live Анета Наковска се пофали со видео од Огњен Амиџиќ, еве како таа...

Анета Наковска се пофали со видео од Огњен Амиџиќ, еве како таа се поврза со познатиот водител

Засекогаш ќе ги запаметам тие денови пред и за време на Новата година во 2007 година. Постојано ме тераа некои малери“, раскажала Анета Наовска во една прилика, за тоа што ѝ се има слушено за Нова година.

-Со Јасминка Мукаетова, Кристина Арнаудова, повеќе пејачи отидовме во Суботица на снимање на новогодишна програма за една нивна телевизиј. Супер си поминавме на снимањето, беше многу весело.

Кога се вративме во хотелската соба, јас многу длабоко се исеков со жилет на прстот. Сите кренавме паника, имаше многу кр в. Но, колегите ми помогнаа, ми го превиткаа прстот.

Потоа, во еден наш таблоид прочитав дека таа вечер сум завршила во кревет со Ѓорѓи Крстевски. А сите беа сведоци дека ми беше многу мачно, имав болки, камо ли такво нешто да се случи?

Но, добро, не се налутив, жолт печат, тоа ти е. Одиме понатаму, си реков. Утредента, од Белград со Јасмина Мукаетова летавме за Малме, таму имавме предновогодишен настап со неа и со Благоја Грујовски во една дискотека.

Јас бев нервозна поради прстот во завој, не можев ништо да носам. Само што не пречекаа пријателите на аеродром во Малме, Јасмина незгодно зачекори и си ја превитка ногата, за малку не си го шина зглобот.

Јас пак, влегувајќи во автомобилот на пријателите, си ја удрив главата во вратата, ми се чини дека сите ѕвезди ги избројав. Потоа, кога стасавме во хотелот ми се откачи завесата во бањата и повторно ме удри во главата.

Кога излеговме на сцена да пееме, бевме како ранети. Јасмина шепаше со ногата, јас со прстот превиткан и со голема главоболка. За среќа, настапот помина одлично и нашинците во Шведска супер не прифатија.

Ете, таа година мислам дека ги собравме сите баксузи, хахаха“, раскажала пејачката.

Наковска е секогаш интересна за јавноста, и поради нејзините настапи во Македонија и во дијаспората, и поради приватниот живот. Сега, нејзината уава куќа во Велгошти охридско е ресторан, и таму пеат доста познати личности од фолк-естрада,а пријатели на Анета.

Колешката Стојне Николова сними видео како опуштено се шета покрај базенот во ресторанот, и напиша:

Уште еден убав момент од преубавиот ресторан „Деспина“. Наковска пак видеото го сподели на нејзиниот профил како знак на благодарност кон колешката што ѝ го рекламира ресторанот.

Анета, откако изминатава година ја помина во Велгошти, сега пак се врати во Америка, и тоа на Флорида.

Анета Наковска на Фејсбук е пофали дека ќе пее во Њујорк за Нова година заедно со уште неколку српски колеги. А, се пофали и исто така дека овој дочек во Њујорк, кој чини 200 долари по лице.

Оваа забава ја има рекламирано Огњен Амиџиќ во својотата емисија, познатиот српски водител кој има едно од најпопуларните шоуа во целиот регион. А, Амиџиќ, ова го кажал во емисијата:

-Во Њујорк за Нова година, каков црн Бродвеј, какви будалаштини. Нашиот пријател Жуќо, организира во Њујорк. Луда куќа, тоа изгледа дека ќе гори и Бродвеј“, кажал Амиџиќ и ги споменал Анета и сите што ќе настапуваат со неа.

А Анета на Фејсбук напишала: Мојот новогодипен ангажман за 2023 година, за забавата која треба да трае до 2.30 по полноќ.

Previous articleНашата најубава водителка од Канал 5 откри со која активност ги смирува мислите, на празни улици (ФОТО)
Next articleКалиопи објави слика во костим за капење среде зима, со посебен повод (ФОТО)