Home Live Сузе Гавазова во фустан што повеќе открива отколку што покрива (ФОТО)

Сузе Гавазова во фустан што повеќе открива отколку што покрива (ФОТО)

На нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова неодамна ѝ беше роденден, и добила ептен многу честитки на социјалните мрежи, од лица кои ѝ се блиски, но и од нејзини обожаватели, и потоа откако слегнале впечатоците, таа со стори на Инста, емотивно се обратила:

-Прво, сакам да се заблагодарам на Бога за мојот живот. Би благодарам и на вас драги мои роднини и верни пријатели што одвоивте од вашето скапоцено време за да ми го честитате роденденот.

Вие сте толку посебни за мене, се чувствувам благословена што имам толку луѓе што ме сакаат и ме почитуваат.

Ве сакам најмногу. Бидете ми поздравени и од Бога благословени“, напишала Сузана во ова емотивно обраќање на Инста стори.

Гавазова е една од нашите најинтересни фолкерки, и секако најпопуларни, но и најозборувани. Во една прилика, во интервју за Музика 24, таа доста има кажано за својот живот.

-Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Кај мене кризата воопшто не удри затоа што јас напорно работам и планирам да си купам стан во Скопје, или пак да си направам куќа на село. Веќе си купив стан во Струмица и добро го опремив…

Само здравје да не служи и енергија да имаме. Фала му на Господ јас имам многу работа, не само тука во Македонија, туку и надвор од државата“, има изјавено Сузана во едно интервју за Точка.

-Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна. Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала, и сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови.

Никогаш во животот не сум имала непристоен предлог, и да имам во иднина еве јавно кажувам дека би го одбила“, кажала Сузе во ова исто интервју за Точка.

Гавазова на стори на Инстаграм сподели видео од луксузниот стан во кој живее со сопругот Јасмин и со ќерките Емилина и Селена.

„Добро утро“, напиша Гавазова под видеата, а на нов се гледа дека Сузе живее во супер луксузен, но и вкусно уреден стан со топ поглед од прозорот.

„Скендеровски продукција“ има објавено слики од снимање, тоест настап на Сузана Гавазова, ама и неколку други пејачи: Јордан Митев, Сузана Спасовска… по што се гледа дека станува збор за новогодишна програма.

Ама, она што на сликава боде очи е фустанот на Гавазова. Со откриен грб, ептен отворен шлиц, но и доста отворено деколте, нашата пејачка направила растур на овој настап.

Па, се поставува прашањето, дали ова бил најпровокативниот фустан на Сузе досега?

Или пак нашата згодна пејачка од Струмица сепак може и подобро и повеќе.

Previous articleСе отвори струмичанканата Ангела од „Ѕвездите на Гранд“ и раскажа каква е вистински Марија Шерифовиќ
Next articleОва се родителите на Соња Тарчуловска од Пробиштип, пејачката личи на мајка си Деса (ФОТО)