Home Live Дамјан Стојаноски качен на маса, Елена Велевска во провокативен фустан со патент-...

Дамјан Стојаноски качен на маса, Елена Велевска во провокативен фустан со патент- нашите во Америка имаат што да видат од нашите пејачи (ФОТО)

Во едно интервју, за estradaworld.blogspot.com во една прилика нашата фолк пејачка која со години е успешна естрадата, Елена Велевска има кажано што правела таа додека нејзините другарки изглегувале и бркале симпатии.

-Јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.

Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум“; рекла Елена која е добра пријателка со доста колеги од есрадата, а меѓу нив е и Дамјан Стојаноски.

-Како дете чекав што побрзо да пораснам.Прв ми подаде рака Игор (музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната “Сонувам”.

После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.

Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага.Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.

Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија.

Кога нешто работиш со љубов,искрено и без задни намери ќе имаш резултати.За оваа професија е најбитно да си свој.Jас ја имав таа среќа публиката да ме прифати од самиот мој почеток и тоа трае до ден денес.

Индивидуално е,но посветеноста е најбитна,љубовта која им ја пружиш на публиката и едноставноста.

Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.

Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото. Мојата цел е преку песна да се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири соработката на музичкиот пазар.

Ние како Балканци можеме многу,а со песна е многу полесно.Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен“, кажа Елена.

А, Дамјан само што се врати од турнеја низ Австралија, и уште што се вели ни куферите не ги распакува, а сега објави дека пак ќе биде отстутен од дома, тоест и Нова и година, а и Божиќ ќе ги помине работно, и тоа во Америка.

-Драги пријатели: После успешната турнеја во Австралија, чест и задоволство ми е да ја најавам мојата турнеја во САД. Еве каде и кога ќе можеме да се дружиме со нашинците во Америкa:

-23.12- Columbus,Ohio, 24.12-Lorain,Ohio, 25.12-Chicago,Ilinois, 30.12-Crown Point,Indianapolis, 31.12-Дочек на Нова Година, Detroit,Michigan, 07.01-Cedar Grove, New Yersey, Божиќ. Црква Св.Кирил и Методиј

13.01-Дочек на Стара Нова Година, Detroit, Michigan, 14.01-Rochester,New York, 19.01-New Yersey, Манастир Св.Ѓорѓи, 21.01-Clearwater, Florida Црква Св.Јован, 22.01-West Palm Beach,Florida“ објави Дамјан на Фејсбук.

А, тој е заедно на турнеја токму со Елена Велевска која на стори на Инста објавила како одат овие нивни настапи. И шернала видео од Дамјан како пее убава стара македонска песна, качен на маса, и сите околу него уживаат во веселбата, пеат и играат.

А Елена, за овој настап супер се дотерала, во тесен фустан со патент, за што и се пофалила на Инста, и добила доста коментари, кои се со емотикони, но кажуваат дека на обожавателите ептен им се бендисало што избрала како облека за настап.

Previous articleЕве како Дарио Прпиќ дознал дека Анѓелка и Марко чекаат дете, па за нивната свадба рече дека му го „подарува“ презимето на Марко
Next articleСе отвори струмичанканата Ангела од „Ѕвездите на Гранд“ и раскажа каква е вистински Марија Шерифовиќ