Home Live Мајката на Калиопи е активна и работи и во зрелите години, еве...

Мајката на Калиопи е активна и работи и во зрелите години, еве со што се занимава Марија и како ѝ се вика профилот на Инста (ФОТО)

-Неоптоварено и повеќе посветено на она што попатно сум го собирала како животно искуство и она што од мали нозе застанав на сцена е нормално прва главна грижа како јас визуелно ќе изгледам во очите на публиката.

Но, никогаш не сум била оптоварена со модните трендови туку од своето чувство“, има изјавено Калиопи во едно интервју за Фешнел, каде што зборувала и за други нешта од својот живот, но секако и за модата.

– Веројатно тоа е врежано некаде внатре во мене , врзано со самото раѓање, каде е човек роден, каде го вдишал првиот воздух, во какво семејство и луѓето од кои можеш да видиш што е животен стил, како што била баба ми, моите тетки, мајка ми,татко м…

Мојата сестра која е постара од мене и секогаш ми била идол во однос на тоа каков изграден стил имала таа.

Значи ние сето тоа го впиваме и се врежува во нашите мисли и око, дури на моменти се фаќаш себеси како имитираш некого, препознаваш дека е дел од она што ти го правиш и со тек на времето растеш и доаѓаш до моментот, ова ми одговара, ова не и така според мене оди целиот тој процес.

Долго време ми треба да живеам со она што го творам, тоа често не е пред очите на јавноста, тогаш можам да бидам и во патики, тренерки, пижами и си дозволувам такви моменти кога нема кој да ме види.

Потребно ми е да дознаам што луѓето гледаат во мене кога не им го пружам максималното исполнување на целата слика која што ја доживуваат додека сум на сцена.

Сметам, дека многу е важно човек да биде свој во секој сегмент, а она што уметноста ќе ми го наметне како потреба и инспирација се одразува на тоа како јас ќе изгледам на сцена.

Иако, морам да признаам дека сум најсреќна кога не морам да позирам, работев на тоа години и години, зашто се случуваше кога ќе се вклучат камерите јас да се преобразам во друга личност.

Не е секој роден за се, па така често некои мои концерти беа чист егзибиционизам, до екстраваганција и драма. Сето тоа го наметнува дадениот приод во животот, музиката што ја пеам итн.

Кога работам на некој албум, знам точно каква слика треба да имам или како комплетно се да визуелизирам. Ако чувствувам дека треба да носам фармерки и кошула , така и ќе ме видите.

По настапот на Евровизија преферирам една рок авангарда која во моментот соодветствува на моето внатрешно чувство и бегам од моментот дива, драма и се она што ме прави недостижна за луѓето, зашто завршив со тоа, едноставно се заситив и сметам дека тоа повеќе не сум јас.

Дури кога се гледам на некои постари фотографии често сама си велам колку не се совпаѓа со она што сум сега. Епитетот дива одамна веќе го давам на лицитација.

Вие можете да имате најлуксузно козметичко студио а јас да не го посетам, зашто ако човечкиот фактор не координира со моето внатрешно чувство не можам да превземам ништо за себе.

Јас од секогаш сум била не приврзаник на козметички салони, прво не сум имала ни време, второ сум сметала дека ми се непотребни во моментот како сум живеела.

Но, кога се сретнав со Сузана и стручниот тим во Афродита С сватив дека ми е многу пријатно таму и ги следев нивните инструкции околу слабеењето и лично се дисциплинирав и водев сметка за килограмите.

Направивме феноменален успех, покрај третманите, јас пешачам и по 10 километри дневно, почнав на 43 години да играм тенис, зашто никогаш не е касно за ништо во животот.

Разбрав дека во мене се раѓа некоја нова Калиопи за која сметам дека е најголем накит кој што сега го имам за себе“, кажала Калиопи во ова интервју.

За време на пандемијата, Калиопи објави слика со уште две важни личности во својот живот, а тоа се мајка ѝ и сестра ѝ.

-Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој … Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето и што го чуваш твојот млад дух во себеси и го споделуваш со нас … Те сакаме!“, напиша Калиопи.

Калиопи пред неколку денови шернала стори во кое вели дека е горда на нејзината мајка Марија. А Марија е всушност ликовен уметник, и покрај нејзината возраст созадава многу убави уметнички дела.

А, инаку, на Инстаграм профилот на Марија пишува дека таа е уметник, но и учител, и она што е исто така доста интресно е што нејзиниот профил се вика Мојата учителка, а тоа е всушност правата песна на нејзината ќерка Калиопи уште од времето кога била дете.

Previous articleМасимо Савиќ ѝ беше стара љубов, но потоа си фати маж од Холивуд, а го „ќари“ на многу необичен начин- Ова е љубовната приказна на Беби Дол
Next articleСпецијална објава на Анета и “Молика“- еве зошто Битола треба да се гордее со нив