Home Live Нашата најубава водителка од Канал 5 откри со која активност ги смирува...

Нашата најубава водителка од Канал 5 откри со која активност ги смирува мислите, на празни улици (ФОТО)

Милена неодамна објави убава вест, имено по породилното отсуство, таа се враќа на работа, во нејзината матична куќа, Канал 5 телевизија.

Во ново стори, Милена се снимила како оди на раота за првпат по девест месеци, откако ја роди ќерчкичката Јоана, но ѝ се случил еден голема малер.

-Прв ден на работа после породилно. Прво се успав, првпат во живот, па псоле ми искипа кафето. Лош или добар знак?“, рече Милена на стори.

Милена инаку претходно ја водеше емисијата „Сподели про блем“ со Милена каде што одеше на терен и ги слушаме проблемите на народот и колку што е во можност со помош на институциите ги решаваше.

Минатата година, во емисијата „Приказна“, и во интревјуто за овој портал, Милена отворено раскажа дека се соочила со анксиозноста.

-Година и половина, можеби веќе и две, мака мачам со оваа состојба, со тоа што на почетокот не ми беше јасно што ми се случува, но кога дознав и се соочив со тоа, многу ми е полесно, полесно се справувам со целата состојба и се поретки се тие моменти на анкси озност или панични на пади.

Некогаш поминуваат и месеци, кoга воопшто ги немам.

Дефинитивно мислам дека подобро се справувам со тоа, за разлика од самиот почеток, кога се плашев, бидејќи тоа за мене беше нешто непознато.

Затоа мислам дека сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста.

Дали со шетање во природа, дали во разговор со нив, дали со терапија со лекови. Треба да се соочиш на време, за да биде полесно справувањето, затоа што има лек за се, па така и за ова.

Постепено почнав да се повлекувам од луѓето, од јавниот живот, за потоа да резултира со некоја анксиозност и страв, за да се вратам повторно во тоа како сум го живеела животот претходно.

Имаше моменти каде што имав панични на пади, но за среќа не беа толку страшни за какви што сум слушала и читала. Имаше моменти кога мислев дека ќе се онесвестам…“, за „Приказна“ раскажа Милена Антовска.

Милена, откако призна со каква мака се соочила, и се бо рела, на светскито ден на менталното здравје, 10 октомври, упати важна порака на својот Инста профил, на стори и напиша:

-Не само денеска, грижете се сопственото ментално здравје секој ден. Разговарајте, не молчете. Прв важен чекор е да признаете дека нешто ве мачи. Дека нешто ви се случува.

Нека не биде ова тану тема во Македонија. Зборувајте со оние на кои им верувате и зборувајте со професионалците во оваа област,“ напишала Милена на Инста.

Во Женски Mагазин, таа има зборувано за тоа како секогаш изгледа убаво и средено и како се негува.

Негата за моето лице почнува уште од самото будење. Покрај миењето со вода -употребувам и мицерална вода од Eucerin, па потоа нанесувам крема и шминкам за емисија.

Пред спиење шминката ја бришам исто така со водата од Eucerin и нанесувам гел за подочници и ноќна крема.

Во мојот несесер секогаш носам кармин и сјај, камена пудра заради рефлекторите во студио, маскара и туш за очи.

Секогаш сакам да ги истакнам очите, но тоа најдобро знае да го направи мејк ап артистот Хиба Арслани, неа најмногу ѝ верувам и целосно и се препуштам кога станува збор за шминкањето.

Со оглед на мојата професија и секојдневното шминкање потребно е да посетувам козметички салони и тоа го правам прилично често, затоа што на мојата кожа навистина и треба нега.

Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини.

Сега моментално не вежбам бидејќи сум преокупирана со новата емисија и семејството, но планирам во брзо време да почнам со физичка активност.

Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје, изјавила Милена.

Милена е една од нашите најубави и најзгодни водителки. Таа има младолик изглед и изгледа на девојче од 20 години. Имено, Милена објави видео на својот профил на стори, како се враќа со кола од работа, а на видеото имаше нацртано срце.

Веројатно, на овој начин Милена си ги средува мислите и ужива во оваа активност, додека навечер се вози по празните скопски улици.

Previous articleСите ја гледаат Гавазова и ѝ се смешкаат, чудно им е да ја гледаат во публика, некој друг да ѝ пее (ФОТО)
Next articleАнета Наковска се пофали со видео од Огњен Амиџиќ, еве како таа се поврза со познатиот водител