Home News Новинарот Златев: Ако вака се продолжи, ние провинцијалците ќе бидеме принудени да...

Новинарот Златев: Ако вака се продолжи, ние провинцијалците ќе бидеме принудени да се вратиме назад – мое родно Кавадарци е Цирих во споредба со Скопје

Новата градоначалничка на Скопје, од која граѓаните многу очекуваа, се чини дека засега не ја оправдува довербата која на последните избори и беше дадена.

Граѓаните неможат да видат значителен напредок во капиталните проекти, а засега не е исполнето ниту ветувањето за бесплатен градски превоз.

Од почетокот на овој месец, граѓаните се интересираа кога главниот град ќе биде украсен за Нова година.

Градоначалничката во интервју за 360 степени, пред околу две недели, најави дека ќе се оджи прес конференција на која медиумите и јавноста ќе бидат известени за планот за новогодишните празници.

Такво нешто не се случи, но пред една недела, скопската градоначалничка Данела Арсовска на својот профил на социјалните мрежи, објави видео од украсувањето на главниот град, кое таа самата најави дека ќе се случи во рамки на можностите на Градот.

На видеото беше прикажано китење на дел од улиците во централното градско подрачје и плоштадот „Македонија“ каде што централно е поставена новогодишната елка. Околу неа се веќе поставените куќички-штандови. На плоштадот е монтиран и мал луна парк.

Во коментарите под фејсбук-објавата на Арсовска, еден дел од граѓаните имаа позитивни, а дел негативни критики за новогодишното украсување.

Од коментари со поддршка дека градот е накитен како вистинска метропола, до критики дека на Скопје воопшто не му било потребно новогодишно украсување додека скопјани со недели мака мачат со јавниот градски превоз и нередовните автобуси, а на приватните превозници не им се исплаќа долгот од ЈСП.

Граѓаните до пред неколку дена, не знаеја ни кој ќе ги забавува на Новогодишната ноќ.

Само беше најавено дека тоа ќе бидат македонски пејачи и групи, а дури деновиве во јавност излегоа имиња како Наум Петрески, Елена Ристеска, дел од „Мерак Меана“ и други.

Елена Ристеска преку видео ги покани своите фанови, но и останатите граѓани на дочекот на новата 2023 година.

– На 31 декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме новата 2023 година. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад, кажа Ристеска.

Денес, во интервју за порталот Фокус, Наум Петрески рече дека изборот македонски пејачи да ги забавуваат граѓаните за новогодишната ноќ е правилен и ќе биде добро што за Нова година нема да се слуша турбо фолк шунд и мјаукање на изведувачи со слаби вокални квалитети.

„Секој си има право на свое мислење во демократска земја.

Така било отсекогаш, и неретко кај нас за Нова година и други прослави доминираат пејачите од увоз. Можеби и тоа е нормално, со оглед на нивните маркетиншки покриености низ целиот Балкан.

За разлика од нив, кои ги има на секоја нивна телевизија, нашите телевизии немаат идеји што да прават со себе, па удираат со македонски приказни и турски серии, со емисии кои никој реално не би ги гледал.

За дочекот на Новата година можам да кажам дека ќе биде во духот на македонското, така да, можеби ќе се зголеми чувството за државност и за своите традиции. И она кое е исто така многу важно, нема одлив на огромни пари во странство, туку поскромни средства кои остануваат тука.

Публиката ќе види многу повеќе од мини сукњи, деколтеа и мјаукања на бина (чест на поквалитетните изведувачи) – вели Петрески за Фокус.

Во контекст на сите овие непознаници околу прославата на Нова година во главниот град и реакциите дека украсувањето и амбиентот не е на нивото на една метропола, се огласи и познатиот новинар Љупчо Златев:

„Последните двајца градоначалници на Скопје имаат претерано катастрофални политики. Видете го градов колку тажно изгледа пред Божик и нова година…

Почнувам да се сомневам дека постои заговор животот да ни го направат толку ужасен, што ние провинцијалците ќе бидеме принудени да се вратиме назад…

Реално, периодов моето родно Кавадарци е Цирих во споредба со Скопје!“

Previous articleОд Сопиште, Ване Маркоски па се врати во Џевахир Скај сити, имаше причина за тоа (ФОТО)
Next articleТрајче Толевски се однесува како ништо да не било, а за малку ќе му пропаднеше бизнисот- ужива со „трбушна плесачица“ (ФОТО)