Home Live Од Сопиште, Ване Маркоски па се врати во Џевахир Скај сити, имаше...

Од Сопиште, Ване Маркоски па се врати во Џевахир Скај сити, имаше причина за тоа (ФОТО)

Ване Маркоски, освен што е познат Тв и радио водител е и голем хуманитарец, и бор ец за правата на животните. На неговиот Фејсбук профил често можат да се видат апели за по мош на животни, како и споделувања да се вдоми некое од нив.

-Ако веќе чувате куче, не го напуштајте кога е сфатите колку љубов треба да му давате. Еве, ајде да почнеме од тоа, па да видиме понатаму.

А, кога во животот би имал финансиска можност, би направил стационар за нив, каде што вработени луѓе би се грижеле и би им давале љубов и внимание.

Не заборавајте дека и тие имаат душа“, изјави Ване во едно интервју.

Хуманитарен карактер имаше и неговото кулинарско шоу, „Вип сезона“, додека беше дел од екипата на Канал 5 телевизија. Сите специјалитети кои ги зготвија познатите личности, гости во шоуто, беа донирани. Последниве две години, Ване е дел од Македонската радио телевизија, тој е водител на Утринската програма.

– Сум бил директно и индиректно вклучен во многу акции, но една ќе ми остане најдрага, затоа што беше одамна и е всушност првата голема работа која ја направив. Чинам беше 2008 или 200 година, не можам точно да се сетам.

Желбата да се помогне на две мали девојчиња, кои имаа различни здравствени проблеми, ме инспирираше да организирам голем хуманитарен концерт во Тетово, во домот на културата.

Со оглед на бројот на места за публика, бевме свесни дека од билети нема да добиеме голем број на средства, но целта беше да се разбуди Фондот за здравство кој тогаш молчеше за тие случаи.

Имаше над 40 пејачи, актуелно од нашата естрада, многу волонтери, публика, луѓе кои подадоа рака.

Жал ми е што тогаш социјалните мрежи не беа во екот на популарноста, па спомените се малку, но ете, и тие што останаа, кога денеска ќе се сетам на нив, ме мотивираат за нешто повеќe“, изјави водителот.

Тој сепак смета дека нашиот народ има голем свест. „Имаме, и тоа многу голема свест. Гре ота е ако некој го тврди спротивното.

Сведоци сме биле на голем број акции, каде од нас зависеле многу работи, акции кои завршувале успешно за само неколку часа.

Е сега, жал ми е што не многу кај нас е развиена, онаа спиритуална интелигенција, која работи на зголемување на колективната свест кај луѓето. Кај нас, прво нешто треба да се случи, за да се разбудиме, а никако не ни текнува да превенираме. Тоа ми пречи“, додаде Маркоски.

Познатиот водител е инаку оптимист и има изјавено: Верувам дека во секоја ситуација, секој човек треба да ја гледа позитивната намера. Верувам дека и оние луѓе кои не прават добро, сакаат помош“, рече Ване.

По шест години поминати во комплексот „Џевахир Скај сити“, од каде што редовно објавуваше фотографии, водителот Ване Маркоски реши да го смени местото на живеење. Маркоски се пресели во Сопиште, и вели дека ужива во мирот и во тишината на своето ново маало.

„Многу ми беше лесно да се одлучам на ваков чекор. Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот. Ми беа потребни мир и тишина.

Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица.

Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште.

Доволно беше само една посета таму. Мирот и спокојот ме освоија од прво гледање и знаев дека е тоа тоа“, раскажал Ване пред неколку месеци во Женски магазин за својата преселба.

А сега можеме да видиме како познатиот новинар става нови слики од своето ново место на живеење, тоест како утринското кафе го пие од Сопиште. Но, Ване пак изненади и шерна една слика како пак се вратил во Џевахир.

Сликан е во спа центарот Скај Велнес, а причината што тој пак е во Џевахир каде што е овој центар е тоа што сакал малку да се релаксира на базен и на спа, а на сликата тој ужива покрај базенот каде што баш и нема гужва и личи дека ептен е среќен.

Previous articleСите познати пејачки плачат по синот на Марина Туцаковиќ, а на една ѝ се слоши на неговиот погреб
Next articleНовинарот Златев: Ако вака се продолжи, ние провинцијалците ќе бидеме принудени да се вратиме назад – мое родно Кавадарци е Цирих во споредба со Скопје