Home Live Ова се родителите на Соња Тарчуловска од Пробиштип, пејачката личи на мајка...

Ова се родителите на Соња Тарчуловска од Пробиштип, пејачката личи на мајка си Деса (ФОТО)

Ќерката на фолк пејачката Соња Тaрчуловска и на Јохан Тарлуловски, Mелани ја започна својата музичка кариера.

На минатогодинашното 28. по ред издание на познатиот интернационален музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, Мелани Тарчуловска ја освои престижната награда Долни Сарај.

Млада, но доволно зрела, Мелани за прв пат застана пред камерите и покажа дека дури и на оваа возраст може да се постигне голема професионалност во музиката“, објави тогаш Еспресо.мк.

– Оваа балада е комплетно моја, и текстот и музиката. Текстот го напишав уште пред една година, чекав да дојде правиот момент за да се слушне оваа песна. Заедно со Иле Спасов ја завршивме комплетно, задоволни сме и двајцата како на крај ,, А Ти ” дојде до совршенство.

После ова спремни сме за нови песни и проекти, треба само да ме очекувате. Се подготвував навистина многу, сепак стапнувам на една почитувана фестивалска сцена.

Сепак јас сметам дека секогаш треба да има вакво освежување на секој фестивал и да се покаже нешто ново и поинакво. Мислам дека завршив многу добра работа, јас лично сум задоволна“,кажа Мелани за Еспресо.мк

Уште од многу малечка знаев дека музиката е мојата љубов. Иако се испробав во многу хобиа, незнаев како да ја искажам таа љубов кон пеењето, тлееше во мене и едноставно мајка ми ја откри мојата желба да пеам“, додаде Мелани.

Младата поп- пејачка Мелани Тарчуловска, за Женски магазин пак вели дека со нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ направила свежа промена на нашата поп сцена.

-Со оглед на тоа дека Макфест е еден од најгледаните фестивали на нашите простори, сметав ека годинава е вистинскиот момент за да направам свежа промена на нашата сцена со мојот нов сингл „CON EL DIABLO”.

И оваа година се претставив со проект зад кој стојам исклучиво ЈАС, од текстот па сè до аранжманот. А што се однесува до настапот бев и возбудена и со малку трема што е сосема океј, но кога видов како публиката ја пее мојата песна, притоа тогаш не беше објавена на мојот „YT“ канал, заборавив на сè “, раскажа Мелани.

Оваа млада пејачка ретко зборува за моментот кога татко ѝ не бил покрај неа, за неа е тоа болно минато.

Јохан Тарчуловски беше однесен во затв-орот во Хаг кога таа беше бебе. За да ја заштити, нејзината мајка ѝ рекла дека татко ѝ е на далечен пат.

„Што се однесува до минатото на мене и мојата фамилија тоа е тема на која ретко зборувам. Бев мала и не бев свесна што ни се случува. Јас знаев дека татко ми е на далечен пат, сè до моментот кога тргнав на училиште, научив да читам и пишувам.

Тогаш веќе не беше возможно да се сокријат новините и коментарите од страна на луѓето. Луѓето се сурови и понатаму на таа тема, но денес ретко кој има храброст да ме праша мене за истата“, раскажа Мелани.

Инакуи, нејзината мајка, Соња Тарчуловска, познатата фолк-пејачка по осум години пауза, објави враќање на музичката сцена, со песна чиј автор е токму нејзината ќерка, Мелани.

Низ интересна приказна, Соња која е мајка на три деца: Мелани, Младен и Јоана, раскажува за нејзиниот живот во овој период, за сопругот Јохан и за тоа како го изненадила кога решила повторно да запее.

Соња вели дека кога за првпат ја слушнала песната од ќерката, заплакала и си рекла дека сега е вистинскиот момент да ја испее“, најавила Соња за песната која инаку се вика „Со црвено“.

-Песната е светски познат инструментал, кој што е преработен и препеан од многу музички изведувачи во различни земји, но текстот што ми го напиша Мелани несомнено ќе биде најубавиот урбан фолк денс.

Тоа е песна која што ме натера да се издигнам како „Феникс“ и ми ја пробуди мојата енергија, развивајќи една приказна, филм дека станува збор за еден голем Хит. Ова одамна го немав доживеано.

Станува збор за урбан фолк денс, препознатлив во мој стил. Песната ја изработи Дејан Момировски, мој долгогодишен соработник од студиото XXL, а текстот е на Мелани“; изјавила Соња во Женски магазин и додала:

Јохан отсекогаш бил заљубен во мене без разлика на мојот имиџ, а песната ја слушна откако веќе ја испеав и снимив во студио. Тој е мојот најголем поддржувач, но со Мелани заедно сакавме и се договоривме да го изненадиме. Кога ја слушна песната беше многу изненаден и ми рече: Ете ова е мојата Соња!

Соња има споменато во неколку наврати дека голема поддршка има од своите родители. Инаку, како што е познато, таа е од Пробиштип.

Нејзината мајка се вика Деса, и на профилната фотографија е сликана токму со нејзината ќерка. Може да се забележи дека Соња доста личи на мајка си, тоест дека е убава на мајка си.

Previous articleСузе Гавазова во фустан што повеќе открива отколку што покрива (ФОТО)
Next articleНа Зоки Фаци му се „пуштија“ во коментари поради Јелена Карлеуша – еве зошто (ВИДЕО)